1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Одобрен новиот пакет помош за Грција

Вториот пакет финансиска помош за Грција ја мина последната пречка. Еврозоната даде зелено светло за исплата на првиот дел од 130 милијарди евра, соопшти шефот на Еврогрупата, Жан Клод Јункер.

Земјите од еврозоната денеска го одобрија конечно вториот пакет финансиска помош за Грција, давајќи му налог на Спасувачкиот фонд, ЕФСФ да го исплати првиот дел на Грција од 39,4 милијарди евра во повеќе рати.

„Овој втор пакет е посебен за Грција, не требаше ни да го има“, ја опомена Јункер владата во Атина. Грчката влада мора дополнително да покаже дека ќе ги спроведе договорените мерки за штедење и реформите.

„Тоа ќе и‘ овозможи на грчката економија враќање на стабилен пат, што е во интерес на сите нас“, нагласи Јункер.

Вториот пакет помош има вкупен волумен од 130 милијарди евра.

Заедно со минатата недела договорениот отпис на долговите со мнозинството приватни доверители на земјата од повеќе од сто милијарди евра, грчкиот долг кој во моментов изнесува околу 160 проценти од грчкиот брутовнатрешен производ, до 2010-та година треба да биде намален на помалку од 120 насто. Тоа се‘уште е двојно повеќе од дозволените граници во еврозоната. Меѓутоа, земјите членки се надеваат дека Грција со толкав долг сепак ќе успее да преживее без дополнителни финансиски шприцови.

Политичката одлука за вториот пакет помош за високозадолжената Грција ја донесоа министрите за финансии од еврозоната уште ноќеска на средбата во Брисел.

Автор: ЖА/СН/дпа/ртре

Редактор: Симе Недевски