1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Одобрена следната финансиска инјекција за Атина

Министрите за финансии од еврозоната дадоа одобрение за исплата на 34.4 милијарди евра финансиска помош за Атина. Сумата до март може да се зголеми до 49, 1 милијарда евра.

Првата транша од 34,3 милијарди евра ќе биде префрлена во наредните денови, а останатиот дел во првото тримесечје на 2013 година, истакнуваат министрите во заедничка декларација.

Минатата седмица Еврогрупата првично се договори за вкупна сума од само 43,7 милијарди евра. Дополнителните 5,4 милијарди евра беа одобрени денеска, за да се помогне за финансирањето на програмата за откупување грчки обврзници, изјави германскиот министер за надворешни работи Волфганг Шојбле.

Претседателот на Еврогрупата Жан-Клод Јункер изјави дека не е сигурно дали нема да бидат неопходни дополнителни мерки, за да се постигне целта да биде намален долгот на Грција до 124 проценти од БДП до 2020 година, но дека монетарната унија е подготвена да преземе нови чекори, доколку е неопходно.

„Денешната одлука на Еврогрупата бележи крај на многу долги месеци несигурност на Грција“, истакна еврокомесарот за економски и монетарни прашања Оли Рен.

Во Вашингтон директорот на ММФ Кристин Лагард препорача денеска да биде одобрена помошта за Грција.