1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Односите нема да се заоструваат?

Протерувањето на македонскиот амбасадор од Белград е најострата и засега единствена реакција на Србија по одлуката на македонската влада за признавање на косовската независност.

default

Македонија и Србија имаат традиционално добри односи

Српскиот амбасадор Зоран Поповиќ останува во Македонија и најавува дека неговата земја нема да преземе други, порадикални мерки во знак на протест поради признавањето на Косово.

Тој вели дека со протерувањето на македонскиот амбасадор од Белград сакале дипломатски и политички да кажат дека се спротиставуваат и протестираат против признавањето на Косово во овие услови и на тоа се завршува српскиот политички и дипломатски гест.

Зоран Поповиќ истакнува дека тоа не е протест против македонскиот народ и држава, туку само протест против една одлука.

Тој додава дека и понатаму ќе се развиваат односите со Македонија во сите сфери, настојувајќи сите заедно да се надмине „жалната и лоша “ ситуација и односите на двете земји да бидат на највисоко можно ниво заради блиските врски на двете земји.

Албанците се задоволни

Политичарите од партиите на Албанците во Македонија, како и граѓаните Албанци се задоволни од владината одлука, иако сметат дека е задоцнета и дека Македонија одамна требало да ја признае независноста на Косово.

Mazedonien hat Kosovo als unabhängigen Sttat anerkannt

Албанските партии се задоволни од одлуката

Македонија немаше друг избор

Експертите по меѓународно право велат дека одлуката за признавање, иако е изнудена, стабилизирачки ќе делува на регионот. Поради албанското население и притисокот на меѓународниот фактор, Македонија немаше друг избор, коментираат професорите Мирјана Малевска и Димитар Мирчев.

Македонските бизнисмени не очекуваат влошување на економските односи со земјата која е втора на листата на најзначајни партнери на Македонија.

DW.COM