1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Односите меѓу Германија и САД влошени како во времето на војната во Ирак?

Германско-американските односи се во најтешка криза од времето на Ирачката војна пред 10 години, оценува шефот на пратеничката група на социјалдемократите и поранешен шеф на дипломатијата, Франк-Валтер Штајнмајер.

„Наредните месеци ќе бидат тешки, дури и многу тешки“, изјави поранешниот министер за надворешни работи, Франк-Валтер Штајнмајер за весникот „Билд ам Зонтаг“. Според него, „има многу работи за разјаснување“, кои ќе бараат „многу од двете страни“.

Plagiatsvorwürfe gegen Frank-Walter Steinmeier SOCIAL MEDIA

Франк-Валтер Штајнмајер

Вакви тешки времиња во односите со САД веќе сум доживеал, вели Штајнмајер, додавајќи дека така било по Шредеровото „не“ за војната во Ирак, во 2003 година. Поучен од ваквото искуство, Штајнмајер ги повикува и Германија и САД на разумност: „Пледирам за тоа да не се загуби од вид заедништвото и да не се загрози заедничката иднина поради актуелните проблеми“, вели политичарот на СПД.

Клаудија Рот, од редовите на германските Зелени, ги обвини САД дека ги загрозуваат добрите трансатлантски односи. Таа оцени дека шпионирањето од страна на НСА е „невидена провокација“. За радиото „Дојчландфунк“ Рот рече дека нејзиниот мобилен телефон е на проверка и доколку се утврди дека била прислушувана, таа ќе поднесе кривична пријава.

Договор за нешпионирање

Германија и САД, сепак, како што се тврди, ги доближија ставовите околу едно прашање - договорот за нешпионирање. Висока германска делегација неделава беше во Белата куќа на преговори за договорот. Според магазинот „Шпигел“, САД се подготвени да се откажат од индустриска шпионажа. Се‘ уште нема приближување на ставовите околу барањето на Германците за нешпионирање на шефовите на влади. „Шпигел“ тврди дека советничката на американскиот претседател за безбедносни прашања, Сузан Рајс, не се согласила ниту со барањето на Германците да не се врши техничка шпионажа без дозвола во другата земја.

G20 Gipfel Russland Sankt Petersburg Susan Rice Treffen Barack Obama und Shinzo Abe

Сузан Рајс

На почетокот на наредната недела шефовите на германските тајни служби треба да водат разговори во Вашингтон со претставници на американските тајни служби. „Шпигел“ тврди дека тие ќе бараат дополнителен договор, покрај оној за нешпионирање, кој ќе се однесува на соработката на тајните служби. Таков договор, според германските тајни служби, е неопходен затоа што службите задолжени за одбрана од шпионажа не гледаат можност во праксата да забранат прислушување од страна на странски тајни служби. „Прислушување од амбасади или други објекти не може да се спречи“, објаснува Буркард Ивен, шеф на одделот за одбрана од шпионски напади за весникот „Велт ам Зонтаг“.

Претседателот на Службата за заштита на уставот, Ханс-Георг Масен, тврди дека околу седиштето на германската влада има голем број странски шпиони. „Берлин е европска престолнина на агентите“, изјави Масен за „Велт ам Зонтаг“, додавајќи дека според негови проценки во ниту еден друг град нема толку многу шпиони како во Берлин.