1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Одмор во рецесија

Рецесијата се одрази и врз годинешната туристичка сезона во Македонија. Заводот за статистика наведува дека е намален домашниот´туризам, додека во земјата дошле десет насто повеќе странски туристи отколку лани.

default

Едно македонско семејство троши во просек 500-600 евра за годишен одмор

Македонија годинава ќе има помал обем на туристички промет од лани за цели триесет отсто, наведува претседателот на Туристичкиот сојуз на Скопје, Ангел Иванов. Според него, рецесијата го зеде својот данок со тоа што е намaлен бројот на ноќевањата во внатрешниот туризам, но и во продажбата на аранжаманите во дел од соседните земји, кои само до лани беа хит-дестинации. Тука пред се` се мисли на Албанија и Бугарија, но и Турција, кои годинава се драстично помалку посетени, за разлика од Грција која годинава одлично се продаваше како дестинација за македонскиот турист.

„Ако за параметар се земе ланската година, тоа ќе биде за триесет проценти помалку, а трендот се должи на рецесијата, на немање стратегија или на неснаоѓање во вакви околности. Ние заради лошите проценки или лошата реакција ќе ги почувствуваме загубите“, вели Иванов, кој е и директор на агенцијата „Маврово Адриатик“.

Џет-сет одмор

Bosnier und Herzegowiner sind die häufigsten Urlauber an der Makarska Riviera

Црна Гора го очекува милионитиот турист

Во Македонија лани имаше 300.000 регистрирани ноќевања. Годинава бројките се` уште се пребројуваат, но ќе бидат многу помали. По катастрофалниот почеток на сезоната, Хрватска сега се опоравува и похрабро се наведува дека е можно да ги достигне ланските бројки од 8,5 милијарди евра заработка од туризмот. Црна Гора деновиве го очекува милионитиот турист, со што ќе ги собори сите рекорди, и покрај кризата. Затоа Грција со мноштво туристи од Македонија и Србија годинава ќе забележи пад од десет отсто, покажаа податоците на Статистичкиот завод во Атина.

Во Македонија, поради беспарицата, луѓето се‘ потешко се решаваат да заминат на одмор, а ако тоа го сторат гледаат да минат со минимални трошоци - евтини аранжмани во приватно сместување, јадење во сопствена режија – што е можно поевтино.

Просечната потрошувачка за одмор на едно семејство е 500 до 600 евра.

Меѓутоа, иако нема туристички објекти со седум ѕвездички, во Македонија, сепак, има заинтересирани кои сакаат да прошетаат и уживаат низ светските џет-сет или егзотични дестинации.

„Има околу илјада Македонци кои секоја година ги менуваат дестинациите од Кариби, крстарења,....Под елитен туризам се подразбира кога една брачна двојка на едно патување ќе потроши околу десет илјади евра“, вели Иванов.

Оваа година помалку жалби од туристите

Panoramabild von Ohrid

Во Македонија годинава десет насто повеќе странски гости

Според директорот на Туристичката агенција „Савана“, Стево Пешевски, генерално влијанието на рецесијата се гледа во вкупниот туристички ефект во споредба со претходната година.

„Бројот на патници е малку намален, но намалени се и средстава за одмор, за патувања, а тоа значи поголемо намалување на приходите на туристичките агенции или нивни поголеми расходи. Имаме помал број чартери, а се зголемува бројот на семејства кои одат на поевтини аранжамани“, вели Пешевски.

Според Татјана Перовиќ Митрова, генерален секретар на Туристичката комора, забележлив е падот на домашните ноќевања, но затоа пак, во периодот јануари-јуни има зголемување на посетите на странците на Македонија за околу десет отсто и на ноќевата за 6,1 отсто.

Има ли поплаки од туристите? Секако, жалбите и полаките се од секаков вид, но за среќа тие годинава се замо околу десет отсто од вкупниот туризам во Македонија. Нив ги разгледува Судот на честа во Туристичката комора, а потоа и пазарната инспекција и Судот.

„Можеме да кажеме дека оваа сезона не ја карактеризира голем број на граѓани кои се почувствувале изманипулирани или ограбени, само мал дел се пожалија дека не ги добиле ветените услуги“, изјави Татјана Тасевска од Организацијата на потрошувачи на Македонија.

.Автор: Сашко Димевски

Редактор: Трајче Тосев