1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Одметнат полицаец предизвика хаос во Лос Анџелес

Илјадници полицајци во Лос Анџелес трагаат по својот поранешен колега кој ги предупреди дека ќе „војува“ против нив поради тоа што му сториле неправда.

Властите во Калифорнија издадоа предупредување до сите припадници на полицијата да бидат вниманителни и определија дополнителна заштита за сите кои се наоѓаат на списокот кој го составил отпуштениот полицаец и поранешен војник Кристофер Дорнер. На мета на Дорнер е целата полиција на Лос Анџелес.

„Ќе наметнам неконвенционална, асиметрична војна против сите припадници на полицијата на Лос Анџелес, без разлика дали се на должност или не“, порача во писмото Дорнер.

Потрагата по Дорнер, кој бил отпуштен во 2008 година поради давање лажни изјави, почна откако тој беше поврзан со убиство од минатата недела. Жртвите биле еден млад човек и ќерката на поранешниот полициски капетан кој го застапувал во текот на судскиот процес. Дорнер по повеќегодишно судење го загубил работниот спор.

Надлежните веруваат дека Дорнер минатата недела пукал врз полицијата источно од Лос Анџелес при што убил еден и ранил уште еден бивш колега. Полицијата соопшти дека Дорнер самиот се поврзал со убиствата преку признание на Фејсбук.

Речиси 10 илјади припадници на полицијата на Лос Анџелес се во состојба на готовност, а потенцијалните мети имаат посебна заштита. Додека трае потрагата, повлечени се сите полицајци на моторцикли кои се на патролна должност, бидејќи се стравува дека тие се лесна мета за Дорнер.