1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Одмерување на силите во Персискиот залив

САД во изминатите месеци значително го засилиле своето воено присуство во Персискиот залив. Целта е да се спречи Иран да го блокира Ормускиот теснец, кој е важна сообраќајница за танкерите со нафта, пишува „Њујорк Тајмс“

Весникот наведува дека ќе биде засилен и притисокот во спорот околу атомската програма на Иран. Во регионот се стационирани повеќе борбени авиони кои би можеле да ги нападнат иранските противоздушни позиции и атомски постројки. Иран, од друга страна, во рамките на тридневни воени маневри тестираше неколку ракети, меѓу нив и проектили со голем дострел. Тоа е реакција на заканите од Израел и САД дека ќе го нападнат Иран поради неговата атомска програма, изјави командантот на Револуционерната гарда на Иран, Хосеин Салами.

Ѕвечкањето со сабји во регионот денеска предизвика зголемување на цените на нафтата. Еден барел Брент-нафта чини 100,77 долари, или бележи зголемување од 3,6 проценти. Се шпакулира дека повторно би можело да додје до теснец во снабдувањето со нафта, отккао ЕУ на први јули воведе ембарго за нафтата од Иран.