1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Одмазда или демократија? Судење кое ја подели Турција

На околу стотина високи офицери на турската армија им се суди за нивната улога во пучот од 1997. Мислењата се поделени, одмазда на исламистичката влада врз секуларната армија или доказ дека постои демократија во Турција.

Во понеделникот на 2. септември поранешните генерали и високи офицери го започнаа своето сведочење за нивната улога во наводниот обид да се собори исламистичката влада во 1997-та. Турската влада на чело со премиерот Раџип Таип Ердоган пак го оцени процесот како манифестација на преобразбата на Турција во демократска држава.

Портпаролот на владејачката Партија за правда и развој Ахмед Ајдин изјави дека Турција сега поминува низ нормализација и дека се трансформира во држава во која владејат правото и демократијата.

Нормално судење?

Но секуларната опозиција воопто не е убедена во овие тврдења, тие тврдат дека Ердоган се обидува да ја претвори Турција во исламска земја. Судскиот процес наидува на силни критики од нивна страна. Камер Генц висок функционер во опозициската Републиканска-народна партија преку Твитер го изрази своето незадоволство. Тој ги изнесе следниве ставови: „ова судење е апсурдно, владејачката партија сака да ги претстави реакциите против исламските реакционисти како криминални“. Додека го следеше судењето во судница тој исто така додаде: „На 28. февруари 1997. Турскиот совет за национална безбедност донесе одлука да превземе легитимна акција затоа што беше загрозена секуларноста на државата, ниеден турски суд не треба да суди врз база на вакви обвиненија“.

Судењето кое привлекува големо внимание се однесува на настаните кои сега често се нарекуваат „постмодерен преврат“ или „ процесот за 28 февруари“. За разлика од државните преврати извршени во Турција во 1960, 1971, и 1980. турските генерали не ја превзедоа власта, ниту пак го суспендираа уставот.

General Ismail Hakki Karadayi Hauptangeklagte Archiv 03.01.2013

Генералот Исмаил Хаки Карадај, кој го предводел превратот

Генералите користеа една друга стратегија , тие се обидоа преку задкулисна политичка кампања предводена од исламистичкиот политичар Нечметин Ербакан да ја натераат исламистичката влада да поднесе оставка.

Уназадување на демократијата

Дениз Зејрек уредникот на либералниот дневен весник Радикал тврди дека и покрај тоа што интервенцијата на војската се однесуваше на радикалниот политички ислам, сепак тоа преставуваше и удар врз демократијата. За Дојче Веле тој изјави: „како новинар лично бев сведок на интервенцијата на војската и не беа само исламистите политички жртви на овој процес, туку и либерали и демократи настрадаа“.

„Пост-модерниот преврат“ како што беше наречен од еден од генералите, ја зголеми политичката улога на армијата, ја лимитираше слободата во политичкиот живот и воспостави одредени ограничувања на медиумите.

Според Зејрек, кој е експерт за цивилно-воени односи, доколку се спроведе фер судење за овој пост модерен преврат тоа ќе придонесе за демократизација на Турција и ќе го нормализира политичкиот живот.

Тој е загрижен, но се надева дека судењето ќе биде чекор напред во демократизацијата на Турција. Тоа според него ќе биде постигнато само ако судењето биде ослободено од менталитот на одмазда. Како што тој тврди и порано овој менталитет бил присутен во одредени судски процеси како што се „Ергенекон“ и „Операција Чекан“. Загрижувачки е тоа што знаци од истиот менталитет се покажуваат и во овој процес.

Сензационални судски процеси

Од 2008 година Турција е сведок на сензационални судски процеси против генерали, активни и пензионирани, академици, новинари, високи функционери

Türkei Gerichtsprozess gegen Offiziere 02.09.2013 in Ankara

Протести на жртвите на пучот

на армијата и опозициски политичари. Повеќе од 250 пензионирани офицери, помеѓу кои е и поранешниот генерал Илке Басбург, беа затворени минатиот месец поради наводна вмешаност во заверата наречена Ергенекон.

Во септемви минатата година, повеќе од 300 офицери беа осудени за наводно учество во заверата за преврат наречена „Операција Чекан“. Сите обвинети ги негираа обвинувањата и поднесоа жалба до Врховниот суд. Во двата случаи имаше процедурални пропусти и долги притвори. Критичарите тврдат дека овие случаи се со намера да ја поткопаат моќта на некогаш семоќната армија, и се политички мотивирани. Една од последните спроведени анкети во земјата покажува дека дури 58.8 проценти од турските граѓани сметаат дека принципите на фер судење не биле почитувани за време на процесите.