1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Одлучувачка фаза на референдумот во Египет

Спорот околу уставот длабоко го подели Египет. Опозицијата ги обвинува владејачките исламисти дека сакаат да создадат верска држава. Муслиманските браќа пак тврдат дека опозицијата сака да го собори претседателот Мурси.

Во Египет денеска (22.12.2012) почна втората фаза од гласањето на референдумот за предлогот за нов устав. Денеска ќе се гласа во 17 региони во земјата, меѓу кои и Гиза, близу Каиро. Правото на глас ќе го искористат 25,5 милиони избирачи.

Гласањето ќе заврши во 17 часот според Гринич. Но, египетските власти соопштија дека времето на гласање ќе биде продолжено доколку на избирачките места има уште луѓе кои ќе сакаат да го искористат своето гласачко право.

Уште во првите минути по отворањето на гласачките места се создадоа редови од граѓани, дојдени да гласаат за новиот предлог устав.

Првата фаза се одржа минатата сабота и тогаш неофицијалните резултати покажаа дека предлог-уставот го одобруваат 57 отсто од гласачите.

Според прогнозите, се очекува при денешната, втора фаза, мнозинството да се изјаснат позитивно за предлог-уставот што го поддржуваат исламистите и египетскиот претседател Мохамед Мурси. Негово отфрлање бара опозицијата која стравува дека таквиот устав би можел да претставува почеток на спроведување на шеријатското право.

Гласањето е поделено на два круга, бидејќи немаше доволно судии кои ќе го контролираат текот на гласањето.

Ägypten Proteste in Alexandria

Протести во Александрија

Според агенцијата Ал Арабија, вчера во египетскиот град Александрија дошло до жестоки судири меѓу исламистите и опозицијата, при што се ранети 68 лица. Очевидци велат дека биле запалени повеќе автобуси со исламисти. Во Каиро синоќа беше помирно, на главниот плоштад Тахрир се собрале само неколку стотици активисти.

Ако предлог-уставот биде усвоен, тој ќе има пред се‘ последици по жените, вели Нихад Абу Ел Комсан. Таа е феминистка и верничка-муслиманка. По професија таа е адвокат и истовремено директор на египетскиот Центар за правата на жената. Ел Комсан смета дека жените треба да имаат исти права како и мажите. Но, таа стравува дека исламистите со помош на новиот устав ќе го вратат тркалото на историјата наназад, зашто во новиот устав на ниедно место не се споменуваат правата на жените. Нихад Абу Ел Комсан истакнува дека самата нема ништо против шаријатското право, но Муслиманските браќа и Мурси го користат исламот во политички цели.