1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Одлука „тешка“ за Србија, „историска“ за Косово

Меѓународниот суд во Хаг потврди дека декларацијата за независност на Косово не го повредила меѓународното право, затоа што тоа не содржи забрана за такви декларациии. Србија најави продолжување на дипломатската борба.

default

Претседателот на Србија Борис Тадиќ оцени дека одлуката на Меѓународниот суд на правдата за прогласената независност на Косово е „тешка за Србија“, но дека земјата ќе продолжи исклучиво со политички средства да го брани својот територијален интегритет. Претстојат „тешки денови“, но „дипломатската борба“ продолжува, смета и министерот за надворешни работи на Србија, Вук Јеремиќ повторувајќи дека „Србија никогаш нема да ја признае независноста на Косово“.

Од друга страна косовскиот премиер Хашим Тачи смета дека мислењето на судот во Хаг е „историско и особено значајно“ за натамошно консолидирање на независната

Boris Tadic

Борис Тадиќ оцени дека одлуката е тешка за Србија, но дипломатската борба продолжува

држава Косово. Претседателот на Косово Фатмир Сејдиу смета дека оцената на судот на Косово му дава „право да биде држава“:

„Ова мислење експлицитно позитивно одговори по секоја точка од одлуката која ја донесе Косово. Ова мислење силно повтори дека прогласувањето на независноста на Република Косово беше во целосна согласност со Меѓународното право, и право на народот на Косово на слобода и самоопределување,“ рече Сејдиу.

Време е Србија и Косово да се свртат кон иднината

Поздравувајќи ја одлуката, премиерот на Албанија Сали Бериша оцени дека Судот дал гаранција дека незвисноста на Косово е целосно во духот на меѓународото право.

„Ова е една историска одлука, величенствен придонес за стабилноста на Балканот и пошироко“, изјави Бериша, кој смета дека тоа, изтовремено, е и голема обврска и поттик Албанците да се ангажираат за изградба и консолидација на мирот, стабилноста и соработката во регионот.

Fatmir Sejdiu

Фатмир Сејдиу: Одлуката му дава право на Косово „да биде држава“

Претседателот на Албанија Бамир Топи, пак, оцени дека ставот на судот е многу значаен чекор за иднината на Косово и за неговата интеграција.

Хрватскиот член на Претседателството на БиХ Жељко Комшиќ изрази надеж дека мислењето на судот „на демократска Србија и се’ она што е демократско во српскиот народ ќе добијат сила да се свртат кон иднината“. Претседателот со претседателсвото Харис Силајџиќ смета дека „не постои никаква причинско-последична врска меѓу БиХ и Косово.“

Од друга страна, премиерот на Република Српска, Милорад Додик порача дека мислењето на судот во Хаг за

Milorad Dodik Regierungschef Serbien im DW Interview

Милорад Додик оцени дека одлуката на Судот е добар патоказ за Република Српска

независноста на Косово може да послужи како добар патоказ за Република Српска за натамошната борба за нејзиниот статус и иднина.

Според високи извори во македонската дипломатија, одлуката на Меѓународниот суд за правда е антиципирање на решението за признавање на независноста на Косово од страна на македонската влада. Тие за Дојче Веле нагласија дека сега е време Србија и Косово да се свртат кон иднината, што е клучен фактор за стабилноста во регионот. Европската унија ќе мора да посвети поголемо внимание на позабрзано проширување кон Западниот Балкан со што би се амортизирале евентуални дестабилизирачки процеси на нови делби или прекројувања на границите. Во текот на денот за одлуката на Меѓународниот суд околу независноста на Косово ќе се одржат консултации меѓу претседателот на Македонија Ѓорге Иванов и министерот за надворешни работи Антонио Милошоски.

Автор: АТ/ БГ/З.Јакупи/ВТ/АЧ/бета/дпа

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

DW.COM

Поврзана содржина