1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Одлуката од Стразбур да биде поука

Македонија мора да ја почитува пресудата на Судот за човекови права од Стразбур за Ел Масри, а државата е должна и да покрене постапка за утврдување на индивидуална одговорност за случајот, велат експерти во Скопје.

Поранешниот судија во судот за човекови права во Стразбур, Маргарита Цаца Николовска, смета дека Македонија треба да извлече поука од одлуката на судот дека биле повредени основните човекови права на Калед Ел Масри. Според Николовска, пресудата апсолутно треба да се почитува и спроведе, без разлика што судот пресудил Ел Масри да добие 60 илјади, наместо бараните 300 илјади евра. Тоа според нејзе не значи дека обврската, односно одговорноста на Македонија е помала. Освен исплатата на паричниот износ, потребно е детално да се разгледа самата пресуда за да се види дали евентуално треба да произлезат и одредени обврски во легислативниот дел кои произлегуваат од законодавството, но не биле почитувани, смета Николовска. 

Strassburg - Europäischer Gerichtshof für Menschenrechte.

Европскиот суд за човекови права во Стразбур

Според Уранија Пировска од Хелсиншкиот Комитет, освен исплата на парично обештетување за материјална и нематеријална штета, пресудата значи и обврска за државата за покренување постапка за утврдување на индивидуална одговорност во случајот. Хелсиншкиот комитет најавува дека во наредниот квартален извештај поопширно ќе информира за својот став околу донесената пресуда против РМ.  

По ваквиот епилог во Стразбур, комитетот на министри од Советот на Европа ќе го следи начинот на кој Македонија ќе ја изврши пресудата.

49 годишниот Калед Ел Масри ја побара правдата пред судот во Стразбур, откако неговите тужби против американските и македонските власти беа отфрлени од страна на домашните надлежни судови.