1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Одлуката на американскиот уставен суд е победа на правната држава

Затворениците во Гуантанамо можат да се жалат пред американските судови. Ваква одлука донесе највисокиот американски суд и со тоа и нанесе тежок удар на американската влада, која во заробеништво држи околу 600 лица без официјално обвинение и право на адвокат. Образложението на владата гласи – Гуантанамо е надвор до американска територија и затворениците како странци немаат пристап до американските судов

Ослободени аганистански затвореници од Гуантанамо

Ослободени аганистански затвореници од Гуантанамо

и. Освен тоа, како ”борци надвор од законот” тие немаат право на третман согласно Женевската конвенција.

Коментар на Даниел Шешкевиц

Ниту еден човек не смее да биде држен во затвор без судска одлука. Овој принцип на правната држава, стар над 400 години важи и во времињата на терор, не само за американските граѓани, туку принципиелно за секого кој се наоѓа во американски затвор. Со ваквото решение судиите изненадувачки и, што се за радување, јасно, го поддржаа најважниот принцип на правната држава воопшто. Судот го релативизираше настојувањето на владата на Буш да се раководи според сопствените намери во борбата против тероризмот, да апси, прогонува и по потреба да може и да измачува.

Судиите го потврдија ополномоштувањето кое американскиот конгрес му го даде на американскиот претседател во борбата против тероризмот, по 11 септември 2001 година. Но, ваквите вонредни ополномоштувања содржани во ”патриотски акт” од страна на владата на Буш се интерпретираат како бланко чек. На тоа сега му е ставен крај.

Сега во американските судови следува бран процеси, и добро е што е така. Така американската влада конечно ќе биде приморана во Гуантанамо конечно да го раздели житото од каколот. Решението на највисокиот американски суд треба да ја врати загубената доверба во американските институции, и покрај Абу Гариб, и покрај Гуантанамо и покрај сите присвојувања на Пентагон. Никој во САД не мора да се откаже од правна заштита, дури и кога се работи за територија која е надвор од земјата, како што е Гуантанамо на Куба. Портите на базата нема да се отворат ниту утре, ниту задутре. Сега цивилните судови мора да ги утврдат правните норми за пристапот кон осомничените терористи.

Тоа ќе биде долг судир со владините правници, кој може да трае со години. Но, сега е ставен камен темелник за пристоен правен пат, каков што прилега во правна држава со голема традиција, како што се САД. Зашто една правна држава е правна држава дури тогаш кога ќе им остане верна на основните принципи, и во времиња на исклучителна загрозеност.

Претседателот Џорџ Буш и правниците во Пентагон доживеаја пораз. Правата на слобода, барем засега, победија. Пресудата на највисокиот суд со тоа добива голема симболична сила, чие значење сеуште не може доволно високо да се процени.