1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Одлуката за Македонија ќе биде донесена на ниво на шефови на држави

„Скопје стравува од француското Не за својата кандидатура“, напиша париски „Фигаро“непосредно пред министерскиот состанок во Брисел. Имено, Париз заради буџетската криза во Европската Унија ќе ја блокирал македонската кандидатура.

default

„Фигаро“ не откри дали Париз навистина ќе се спротистави или не на македонската кандидатура. Но, кога побаравме одговор од Елисејската палата и од француското министерство за надворешни работи, ни беше речено дека за македонската кандидатура сеуште се дискутира и не е донесена конечната одлука. Лично министерот Филип Дуст’Блази ќе ја објаснил француската позиција во Брисел.

Во меѓувреме дојде веста од Брисел дека министерскиот совет го примил до знаење мислењето на Европската комисија и дека одлуката за Македонија ќе биде донесена на ниво на шефови на држави и влади кои ќе го разгледаат истото мислење. Објаснувањето на шефот на француската дипломатија беше подиректно.

„Дали е добро избран моментот?“. Франција значи процени дека не погодно време да и се додели на Македонија статусот на земја кандидат за членство, без претходно да бидат воспоставени правилата за функцинирање на проширена Европа. Најголемиот број од министрите за надворешни работи на дваесет и петмината се изјаснија да и се додели статусот на Македонија, уште на самитот на ЕУ во четврток и петок, што во никој случај не подразбира отворање на преговори.

Според Филип Дуст’Блази одлуката треба да ја донесат шефовите на држави влади, но Франција се залага за одлагање на одлуката до идниот самит во јуни 2006, кога ќе се расправа за иднината на Европскиот устав отфрлен од Франција преку референдум.

“Ми изгледа понормално да се зборува во тој момент“, изјави францускиот министер за надворешни работи објаснувајќи дека Париз сака да избегне да отвори еден „нов бран на проширување, се додека не бидат појасенти работите.

Очигледно е дека Министерката за надворешни работи Илинка Митрева и премиерот Владо Бучковски при последните патувања во Париз не успеаа да ги убедат француските раководители. Македонскиот премиер не беше удостоен ниту со прием кај некој од француските раководители. Скопје, според „Фигаро“ со голема мака ја крие својата збунетост.

Нo, за Францускиот европратеник Алан Ламасур, поранешен министер за европски прашања:

„Французите не се подготвени да ја поддржат европската конструкција, ако не се прецизира иднетитетот и крајните граници на Европа.“

Јасно е, дека балканските земји, Србија Црна Гора, Македонија, Босна и Херцеговина и Албанија се дел од европскиот континент и имаат европска определба. Но по приемот на Бугарија, Романија и Хрватска, Европа уште долго време ќе остане во истите граници.

Од своја страна Мишел Барние, поранешниот шеф на француската дипломатија во трибината во „Фигаро“ бара проширувањето на ЕУ да продолжи. Според него не смеат да се повторат грешките од минатото. Европа не смее да се претвори во „тврдина“, барикадирана зад своите правила и заштитата на границите, Европа не смее да се занимава самата со себе си, бидејќи тука се крие опасноста за Балканот. Тоа може да ја чини скапо во иднина, според Барние, првиот тест за кредивбилноста на Европа е Балканот.