1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Одложен самитот меѓу двете Кореи

*

Самитот меѓу двете Кореи што беше планирано да се одржи на крајот на август е одложен. Кабинетот на јужнокорејскиот претседател Ро Му Хин соопшти дека на барање на властите во Пјонгјанг терминот на средбата е поместен за почетокот на октомври. Како причина за одложувањето севернокорејските власти ги посочиле катастрофалните поплави во земјата во кои според податоците на Црвениот Крст, загинале најмалку 300 лица.