1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Одложен процесот против Кенијата

Меѓународниот кривичен суд го одложи процесот против кенискиот претседател Ухуру Кенијата за наредната година.

Процесот би требало да почне на 5 февруари 2014 година во Ден Хаг. И обвинителството и одбраната се единствени во ставот дека „некои факти“ би требало да се проучат и истражат подетално, соопшти судот во Ден Хаг.

На 25 октомври одбраната побара процесот, кој неколку пати беше одлаган, поворно да биде пролонгиран, најрано за 12 февруари. Адвокатите се повикаа на обврските на клиентот по нападите на исламистите ид „Ал Шабаб“ врз трговскиот центар „Вестгејт“ на 21 септември во Најроби. Во нападот загинаа најмалку 67 луѓе, а 20 се водат како исчезнати.

Во 2012 година Меѓународниот кривичен суд покрена две обвиненија против лидерите на политичките сили што учествуваа во конфликт во 2007 година по реизборот на поранешниот кениски претседател Мваи Кибаки. Во судирите загинаа најмалку илјада луѓе, а повеќе од 600.000 беа раселени. Кенијата, кој се товари за убиства, депортација и силувања, тврди дека е невин.