1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Одложен процесот за „Пуси Рајот“

Разгледувањето на жалбата на трите пејачки од руската панк група „Пуси Рајот“ денеска (01.10.) е одложено за 10 октомври. Една од музичарките претходно го отпушти својот адвокат.

Градскиот суд во Москва денеска го одложи разгледувањето на жалбата на трите членки на панк групата „Пуси Рајот“, осудени на две години затвор за перформанс во храмот „Христос Спасител“.

Судот, исто така, го исполни барањето на една од членките на групата, Екатерина Самуцевич, да го раскине договорот со нејзиниот адвокат Виолета Волкова поради несогласување на ставовите.  Следното судско рочиште е закажано за 10 октомври.

Околу судот пред разгледувањето на жалбата беа зголемени безбедносните мерки, поради насобраните противници на групата и нивни приврзаници.  Во февруари панк групата изведе перформанс во знак на протест во московската црква „Христос Спасител“, каде со маски на лицата ја изведоа песната „Богородице, Дево, избркај го Путин!“.

Судот во московскиот регион Хамовники на 17. август ги прогласи за виновни трите членки на панк групата за хулиганство, мотивирано од верска омраза и непријателство.

Бранителите на девојките од панк-бендот поднесоа жалба на првостепената пресуда. Се очекуваше апелацискиот суд да ја изрече неговата пресуда уште во текот на денешниот ден. „Максимумот што го очекуваме е всушност намалување на казната на шест месеци“, изјави утрово еден од бранителите.

Случајот на Пуси Рајот предизвика лавина критика во меѓународната јавност. Руската православна црква побара од музичарките да се покајат за нивната панк молитва и изрази уверување дека апелацискиот суд ќе го земе тоа предвид при изрекувањето на пресудата.