1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Одложено судењето на писателот Орхан Памук

Под голем притисок на европската јавност и будно следење на случајот од страна на Eвропскиот парламент и Kомисијата на ЕУ денеска во Истанбул е запрено судењето за туrскиот писател Орхан Памук

Орхан Памук пред судот во Истанбул

Орхан Памук пред судот во Истанбул

Орхан Памук беше обвинет поради неговите изјави дадени за еден швајцарски магазин, дека во Турција се убиени еден милион Ерменци и 30 илјади Курди.

Формално судењето е запрено со образложение дека од Министерството за правда не стигнало писмено одобрение за судскиот процес чие продолжување е закажано за 7 февруари наредната година. Вистинските причини за запирање на судењето се обидите на Министерството за правда се да ја отплетка Турција и нејзината влада од овој процес, кој доби широки меѓународни размери и кој се заканува да стане најголема пречка на Турција во обидите да стане членка на ЕУ. Без сомнение за сопирање на судењето големо внимание имаше предупредувањето на членот на Комисијата на ЕУ, одговорен за проширување Оли Рен -

цитат „Во овој судски процес нема да му се суди на Орхан Памук, туку на Турција која ќе мора да покаже почитување на договорот на човековите права и копенхашките критериуми и да изврши целосна примена на реформите.“

По денешното запирање односно одлагање на судењето на Орхан Памук, претседателот на шестчлената делегација на евро – Парламентот, кој директно го следеше судењето, а истовремено е и известувачот на ова тело за Турција, Камиел Орвигс, остро изјави дека овој случај и го намали угледот на Турција во Европа, и дека очекувал одлука на судскиот совет, за да на крајот предупреди дека не е можно турско учество во ЕУ, без паѓање на едно вакво обвинение.

Запирањето на судењето на писателот Орхан Памук, кој доби поддршка од цела група носители на Нобелова награда на чело со германскиот писател Гинтер Грас, всушност е еден маневар на турското Министерство за правда кое има намера по заобиколен пат да ја спаси Турција и нејзината влада од овој непријатен судски процес.

Имено од летото е во примена новиот турски кривичен законик. Министерството за правда се појави со толкување дека делото, кое е предмет на обвинение, се случило во февруари оваа година, кога на сила бил стариот кривичен законик, во кој според 160 член Министерството има право да го преземе следењето на случајот за кое време не е можно подигнување на обвинение или оддржување на судски процес.