1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Одложено прогласувањето победник на изборите во Египет

Поради растечките тензии во земјата, египетската изборна комисија го одложи на неопределено време прогласувањето на победникот на претседателските избори.

Потребно е повеќе време за да се испитаат обвинувањата за манипулации, беше соопштено вчеравечер (20.06) во Каиро. Штабовите на двајцата кандидати вложија околу 400 жалби. Првично беше планирано победникот да биде прогласен денеска.

Инаку, и кандидатот на Муслиманското братство Мохамед Мурси, како и Ахмед Шафик, човек близок на соборениот претседател Мубарак, се сметаат за победници на изборите. Муслиманското братство соопшти дека Мурси освоил 52 проценти од гласвите. Изборниот штаб на неговиот ривал Ахмед Шафик пак, се спротивстави на таквите тврдења и соопшти дека нивниот кандидат освоил 51,5 проценти гласови.

Во очекување на изборните резултати вчера безбедносните сили на двете страни на Суецскиот канал беа ставени во состојба на висока подготвеност. Според висок претставник на безбедносните сили, се стравува од безредија предизвикани од разочараните приврзаници на кандидатот кој ќе загуби на изборите.