1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Одличен тест!

Две недели пред почетокот на светското првенство во фудбал репрезентацијата на домаќинот, Германија, покажува дека е во добра форма. Избраниците на селекторот Јирген Клисман во Фрајбург, против додуша слабиот тим на Луксембург, во контролен натпревар славеа со убедливи 7: 0.

default

Стрелци на головите на двапати беа напаѓачите Лукас Подолски, Мирослав Клозе и Оливер Невил, еден гол постигна и Торстен Фрингс

„ Мислам дека одигравме добар натпревар. Го покажавме она што во последно време го трениравме и што тренерите сакаат да го видат. Брзо префрлување на играта до нападот. Сепак беше видливо дека нозете ни се тешки заради жестоките подготовки за претстојното светско првенство„ рече по натпревцарот Фрингс

Победата е дотолку повеќе значајна ако се знае дека германците настапија без повредениот капитенот и најдобар играч, Михаел Балак. Тој закрепнува по лесната повреда на зглобот и се поизвесно е дека ќе биде подготвен за настапот на мундијалот,. Селекторот Јирген Клисман го објаснува значењето на натпревартот проти Луксембург

„ За нас беше важно да видиме како играчите играат кога заради тренизните имаат малку тешки нозе. Како се ангажираат и вертикално ја префрлуваат играта во нападот и како постигнуваат голови. Се разбира дека е важно кога ќе се стартува добро во првиот поважен тест пред светското првенство„ рече Клинсман

Инаку на викендот се одиграа неколку пријателски натпревари. Одличен успех направи Македонија која го совлада Еквадор еден од учесниците на светското првенство со 2:1, во останатите дуели Србија и Црна Гора Уругвај 1:1, Хрватска Иран 2:2 Украина Костарика 4:0, САД Венецуела 2:0, Чешка Саудиска Арабија 2:0