1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Одликувана фудбалската репрезентација на Германија

Германскиот сојузен претседател Хорст Келер на фудбалерите на германската фудбалска репрезентација за освоеното трето место на светското првенство во фудбал им го додели ореденот „Срeбрен лаворов венец“. Претседателот Келер најависокото германско спортско признание на репрезентативците им го предаде денеска во неговата резиденција во Берлин, замокот Белви:

Келер на оворањето на СП 2006

Келер на оворањето на СП 2006

„Сите беа и се горди на оваа екипа, на германската репрезентација 2006, поради нејзиниот стил и настапот, поради фантастичните натпревари, и за третото место со заслужената победа во Штутгарт. Но, можеби и затоа, што навивачите на оваа екипа, млада каква што е, очекуваат уште нешто„.

На предавањето на одличјата не присуствуваа поранешниот сојузен тренер Јирген Клинсман, како и фудбалерите: капитенот Михаел Балак, голманот Оливер Кан, потоа Роберт Хут и Себастијан Кел. Претседателот Келер уште дополни: „Бидејќи не можам да се искажам подобро, ќе речам како Сеп Хербергер: следниот натпревар е секогаш најтешкиот. Ви посакуваме, господине Лев и Вам сите мои господа, се’ најдобро и многу среќа. Но, денеска се радувам што можам да ви го доделам ’Сребрениот лаворов венец’ како одликување на претседателот за извонредните спортски постигања на светското фудбалско првенство 2006.“