1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

„Одлив на мозоци“ - старо-нов тренд во БиХ

Со години Босна и Херцеговина има проблем со таканаречениот „одлив на мозоци“. Властите не преземаат ништо за да ги задржат земјата. Поради тоа е позната како расадник на паметни и образовани луѓе кои се врбувани од ЕУ.

Поразувачките податоци за БиХ кога станува збор за „одлив на мозоци“ само го потврдуваат фактот дека власта во оваа земја е се само не определена да ги задржи интелигентните и образовани луѓе во чие школување се вложени милиони босански марки. Згора на тоа, наместо да ги вработат тие луѓе, власта во БИХ потпишува договори со други земји со кои се овозможува заминување на експертите. Статистиката вели дека минатата година само Република Српска ја напуштиле преку 100 хирурзи што кажува доволно за каков систем се работи.

За заминување сериозно размислува и врвниот експерт, кардиохирургот за интервенции во Клиничкиот центар во Бања Лука, Нено Добријевиќ, не толку поради економскиот фактор( подобри примања, услови за живот...) туку поради фактот дека лекарите и воопшто образованите луѓе, кои се успешни, имаат повеќе проблеми: „Што повеќе даваш резултат, стануваш се` поголем проблем. Се плашам дека ова општество не ги препознава стручните и квалитетни луѓе. Не е за џабе измислена нашата изрека ’тука може се` да се прости освен успехот’. Ги пуштаме луѓето, ги расфрламе, ги сееме по светот. Тие таму се главни и број 1, а тука се турнати на страна“.

Процес кој во оваа фаза тешко може да се спречи

Ärztemangel in Bosnien und Herzegowina

За заминување сериозно размислува кардиохирургот, Нено Добријевиќ

Од власта, било државната, ентитетската или кантоналната нема да добиете никакво објаснување кое се однесува на стратегијата на задржување на образованите луѓе, во кои БиХ со години вложувала. Наместо тоа тие само ги користат статистичките податоци дека БиХ од 2004 година ја напуштиле преку 20.000 луѓе и дека трендот продолжува. Мирза Кушјугиќ (СДП) претседавач на Комисијата за надворешни работи во парламентот на БиХ, вели дека се работи за процес кој е тешко да се спречи со било какви стратегии.

Наместо тоа државата дека да работи на стратегија како да ја одржи врската со тие луѓе: „Треба да се направи стратегија како луѓето, кои веќе си одат, да направат или да остават потомци и во некоја друга фаза да се направи стратегија за трансфер на одредени професии. И тоа е можно. Ние во Тузла имаме неколку фирми кои ги основале луѓе кои си заминале, а вработуваат тука по 20 до 30 информатичари, кои работат за матичните фирми на луѓето кои си заминале пред 15-20 години“, вели Кушјугиќ.

Власта во БиХ, тврдат експертите, не дека не е загрижена за иселениците, туку имаат стратегија да го истераат секој кој мисли со сопствената глава: „Не мислам дека тие тоа го гледаат како некој проблем и не се ни обидуваат да ги задржат тие луѓе. Се плашам дека е тоа тренд кој е толку силен и дури и да постои добра волја тешко може да се спречи. Дојдовме до фаза младите луѓе да не гледаат иднина дека од својот труд и образование можат да напредуваат“, вели психологот Срѓан Пухало. Тој вели дека тие кои не се спремни да ја користат политиката за да успеат, нема ни да остварат резултати, бидејќи присутен е поразувачки факт дека во босанското општество се` се сведува на политички и партиски норми.

Здружението на граѓаните, „Зошто да не“ направија истражување по повод колку всушност млади луѓе се вработуваат по програмите на политичките партии кои ги претставувале во кампањите. Истражувачот, во ова здружение, Тијана Цветиќанин, вели дека покрај низата на проблеми кои ги има неуредениот економски босански пазар, корупцијата е еден од главните проблеми со кои се соочуваат луѓето при вработување во БиХ, што автоматски ги тера да бараат работа надвор од земјата: „Заминувањето од земјата не е нешто што било кој од нас би го препорачал, но многу луѓе се одлучуваат на тоа. И истражувањата покажуваат дека младите ги задржува во земјата, не желбата да останат, туку тоа што не можат да си заминат. Многу од нив, кога имаат шанса, тоа и го прават бидејќи нема избор“.

Ärztemangel in Bosnien und Herzegowina

Никола Дроњак вели дека е разнишано основното човечко право, правдата

Неправдата, криминалот и корупцијата ги тера младите надвор од БиХ

И поголемиот број студенти, веднаш по завршување на школувањето, планираат да си заминат од БиХ со надеж дека ќе имаат подобри услови за живот од тие кои им се нудат во БиХ. Никола Дроњак, до неодамна претседател на Унијата на студенти во Република Српска, не гледа иднина во БиХ бидејќи, како што вели, е разнишано основното човечко право, правдата: „Младите мислат дека во ова општество владее неправдата и се чувствуваат дека не можат ништо да работат чесно бидејќи криминалот и корупцијата ги разнишуваат сите општествени вредности“.

Фактот дека Германија за прв пат објавува список на професи за работници од земјите надвор од Европската Унија, отвора шанса за медицинските работници, експертите од областа на роботиката и електричарите. Меѓутоа се поставува прашање колку овој „извоз на луѓе“ ќе биде добар за БиХ.

Kaesong Industriezone Wiederaufnahme 10.07.02013

Експертите веруваат дека трендот „одлив на мозоци“ е погубен процес

Ни меѓу граѓаните нема оптимизам кога е во прашање перспективата, не само за младите луѓе во БиХ туку и за сите образовани луѓе: „Размислувам да си одам, не сум единствена има и многу мои колеги. Слушнав дека Германија распишала некој конкурс. Жал ми е што многу луѓе си одат одовде, особено образовани“, „Нема веќе смисла ништо овде бидејќи се обидувам да остварам нешто, но не можам. Одев на факултет, без работа сум, поголемиот дел од времето сум хонорарец, никој не ми дава шанса, затоа одлучив да одам да работам на некој брод, па можеби тоа ќе биде мојата шанса“, велат револтирани граѓани.

Погубно за БиХ

Ваквиот тренд е предупредувачки, велат експертите, за кои одливот на младите и воопшто образованите луѓе претставува голем проблем за земјата. Босна и Херцеговина, доколку продолжи овој тренд, ќе дојде во ситуација да увезува работна сила. Заминувањето на населението значи и намалување на вкупниот број на население. Голем е бројот на тие кои би ги напуштиле овие простори доколку би нашле ангажман надвор од БиХ“.

Srdjan Puhalo

Срѓан Пухало: „Дојдовме до фаза младите луѓе да не гледаат иднина дека од својот труд и образование можат да напредуваат“

Експертите веруваат дека трендот „одлив на мозоци“ е погубен процес, кој од Босна и Херцеговина ќе направи напуштена земја, која веќе се соочува со парадокс. Илјадници луѓе со дипломи се по бироата за вработување, а од друга страна веќе се чувствува сериозен недостаток на вистински експерти - способни лекари, инжењери, експерти за информатика и високообразовани луѓе од други профили. Доктор Добријевиќ на почетокот на приказната вели дека доколку целокупната ситуација не се подобри, луѓето нажалост нема да имаат многу избор: „Тие луѓе својот идентитет, своето потекло, стручност и младост на крајот на краевите ги носат и ги даваат на некој друг“, заклучува Добријевиќ.

Поврзана содржина