1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

„Одлетаните“ Бугари

Повратници Бугари има се’ помалку во нивната татковина, но затоа бројот на отселените продолжува да расте. Денес и свештениците ја напуштаат земјата, а две погранични бугарски села мечтаат да преминат под грчка власт.

Минатата година локален тутунопроизводител во градот Гоце Делчев го праша премиерот Бојко Борисов: „Како ќе градите автопати? Прашавте ли кој ќе оди по нив?“ Премиерот веднаш одговори дека тоа е најглупавото прашање коешто некогаш го слушнал и додаде: „Тогаш одете си со магарињата!“ Борисов во истата прилика вети дека ќе ги врати сите Бугари од туѓина по завршувањето на неговите мега градежни проекти.

Но, досега тој потфат немаше успех. Бугарите повратници се малкубројни, но затоа останува висок бројот на оние кои заминуваат. Од официјалните податоци на Евростат, на пример, станува јасно дека, и покрај кризата во 2011-та година, околу 100.000 Бугари нашле егзистенција во земјите од ЕУ. Околу 30 проценти од емигрантите продолжуваат да живеат во економски тешко погодената Шпанија, 15 проценти во цврсто затегнатиот ремен на Велика Британија, а 13 проценти во Германија. Според неофицијалните податоци, бројот на Бугарите кои бараат и наоѓаат сезонска работа во земјите од ЕУ годишно достигнува до половина милион лица. Податоците на Бугарската национална банка покажуваат дека во првите осум месеци од годинава емигрантите испратиле 536 милиони евра на блиските во Бугарија, а во текот на целата мината година 770 милиони евра.

Bulgarien Wahlplakate Partei GERB

Во некои села остана само ликот на премиерот на изборните плакати

Масовно бегство

Меѓу лицата кои заминуваат од Бугарија има квалификувани лекари, медицински сестри, компјутерски специјалисти, инженери, градежни работници, но и пензионерки со добро здравје, кои работат како домашни помошнички во Европа. Но, не се само тие. Според Свештенскиот синдикат при Конфедерацијата на труд „Поткрепа“, бугарските попови масовно заминале да служат во Македонија и Грција, каде заработувале месечно од 800 до 1.000 евра, што е многу повеќе од 160-те евра, кои ги добивале во татковината.

Неодамна, пак, жителите на две погранични бугарски села, револтирани од мизеријата и незаинтересираноста на државата, јавно посакаа земјиштата административно да им преминат кон соседна Грција. На крајот од октомври, луѓето од селото Црнча му пратија писмо на грчкиот амбасадор во Софија, во кое бараат „специјална процедура за прифаќање на тоа и на соседното село Брштен кон областа Драма или Кавала“, бидејќи веќе 20 години не можеле да си ја вратат сопственоста врз земјиштето.

Grenze Grenzübergang Bulgarien Türkei Schengen Außengrenze Kapitan Andrejewo Thrakien

14 проценти од Бугарите засекогаш сакаат да ја напуштат својата татковина

„Во Грција земјата и земјоделците се почитуваат, а кај нас почит имаат само далаверџиите. Затоа сакаме административно да преминеме кон соседната земја“, објаснија дел од жителите на селото Црнча.

Тие луѓе сонуваат административно да емигрираат од својата татковина, која според фалбите на премиерот Борисов „е втора во Европа според низок надворешен долг и со два проценти буџетски дефицит“. Зошто е тоа така? Одговорот го даде Костадинка Кунева, која беше полеана со киселина, затоа што синдикално ги штитела правата на чистачките во Атина. На прашањето дали Грците се полоши од Бугарите таа одговори:

„Тоа е лага. Долгот им е поголем од нашиот, перспективата можеби им е помрачна, но за сега луѓето во Грција живеат подобро од нашите. Имаат заштеди и имот од кој земаат кирии, но се на улица оти си ги бараат правата, а Бугарите ропски си молчат и чекаат да дојде или царот или, пак, некој друг јунак и да ги направи среќни и богати. Такво чудо нема да има“.