1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Одземен имунитетот на двајца пратеници на ДУИ

Македонското Собрание, со одлука им го одзема пратеничкиот мандат на двајца пратеници од владеачката Демократка унија за интеграција (ДУИ). Хисен Џемаили и Хајрула Мисини претходно самите се откажаа од имунитетот.

default

Парламентот во Скопје

Македонскиот Парламент им го одзема имунитетот на Хисен Џемаили и Хајрула Мисини, пратеници од владеечкото мнозинство. Тоа го побара специјалниот скопски суд за Хашките досиеја, бидејќи овие пратеници од ДУИ се обвинети за малтретирање на работниците на „Маврово“ и затварањето на вентилите на Липковската брана. Со одлуката да им се одземе пратеничкиот имунитет се отвара можност, тие да бидат притворени во истражниот затвор во Скопје се’ до затварање на случаите околу воените злодела во конфликтот во 2001 година.

Во изјава за медиумите, министерот Муса Џафери (ДУИ) рече дека Хашките случаи ќе се затворат со политички договор, а не со судски епилог. Тоа беше критикувано од опозицијата за време на жестоката дебата во Парламентот. За одземање на пратеничкиот имунитет гласаше мнозинството од ВМРО ДПМНЕ, опозициските СДСМ и ЛДП, а против беа сопартијците од ДУИ.

Претходно, двајцата пратеници доброволно се откажаа од пратеничкиот мандат, што го поддржа нивната ДУИ, за да ја докажат својата невиност преку судска постапка. Сепак Парламентот со одлука мораше да им го одземе имунитетот.

DW.COM