1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Одземена дозволата за работа на А2

СРД на денешната седница донесе одлука да и’ ја одземе дозволата за работа на телевизијата А2, според член 63 од Законот за радиодифузна дејност. Причина: репризата на програмата и забавните содржини.

Советот за радиодифузија констатира дека и покрај дадените неколку рокови да го усогласи работењето со Законот за радиодифузната дејност и условите од дозволата, сателитското трговско радиодифузно друштво А2 телевизија не ја прилагодило програмата согласно добиената дозвола.

Последниот мониторинг на програмскиот сервис на телевизијата А2 покажал дека овој радиодифузер сериозно отстапува од претежно забавниот општ формат, што му е доделен. Наместо најмногу 65% програми што исполнуваат забавна функција, емитува 75,68%, а повеќе од две третини се репризни изданија. „Редовните мониторинзи на програмите на радиодифузерите покажаа сериозни остапувања во форматот на Телевизија А2“, соопшти СРД.

Во периодот од февруари оваа година, СРД во неколку наврати и’ укажувал на телевизијата А2 да се прилагоди кон условите од дозволата и кон Законот за радиодифузна дејност. За таа цел членовите на Советот и лично го информирале управителот на А2, како и стечајниот управник.