1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Одговорноста на државата

Коментар на Петер Филип

И солидарноста има граници: граѓаните за ослободување на Остхоф

И солидарноста има граници: граѓаните за ослободување на Остхоф

Во случајот Остхоф се поставува прашањето: до кој степен има обврски државата ако еден граѓанин, без оглед на причините, реши да не ги почитува официјалните предупредуавања и се изложува на опасност? На ова прашање не може јасно да се одговори. Секако дека државата има обврска да се грижи за своите граѓани. И секој граѓанин треба да е свесен дека државата во нужда ќе му помогне. Тоа е едната страна. Од друга, и граѓанинот мора да покаже минимум одговорност и мора да сфати дека обврската на државата произлегува од принципот на солидарност кон кој се обврзани двете страни и државата, и граѓаните. Тоа не е едносмерна улица ниту за слободата на авантуристи или самостојни поединци. Истовремено, меѓутоа, ниту државата не може да се оглуши на својата одговорност за секој граѓанин дури и ако тој не го послуша предупредувањето да не патува. Во, најдобар случај, може да му се закани со економски санкции, како во случајот на грабнатите туристи во Сахара чие ослободување државата ја чинеше големи напори и суми. Меѓутоа, во случајот Остхоф таквата закана не би имала влијание: таа нема пари и во Ирак не е од задоволство. Таа не е фиксирана за Ирак, ниту патува низ земјата за да се провози со џип низ неопроодните пространства, туку за да им помогне на луѓето во нужда. Во последните години го правеше токму тоа што и доднесе признание и респект и ништо не можеше да ја спречи. Сега меѓутоа, на Сузане Остхоф воопшто не и е до помошта на луѓето, туку до реставрација и зачувување на историските споменици во курдскиот дел на земјата. Колку и да се тие важни од културно-историска причина, сепак за такво нешто не се става главата в торба. За тоа, Остхоф не може да очекува солидарност од државата и од нејзините сограѓани. Оттаму, исправно е што оваа држава одби секаква финансиска поддршка за тој проект. Истовремено пак, нема никакво средство со кое може да и се спречи враќањето во Ирак. Против жена што е толку опседната од нејзината идеја, државата е беспомошна и во случај на повторно грабнување повторно ќе мора да помага. Меѓутоа, Остхоф на таков начин си ги загрозува симпатиите што досега и беа дадени, а со тоа и нашетува и на работата за која толку многу се ангажира.

Петер Филип