1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Одврзани раце за партиските лидери

ЕУ-амбасадорот во Скопје,Фуере,предупреди да не се игра со опцијата предвремени избори,која ја смета за екстремно опасна

Груевски,политичкиот дијалог треба да продолжи

Груевски,политичкиот дијалог треба да продолжи

По трустниот викенд во владеачката коалиција,ДПА останува во владата-насловна страница во „Дневник“.Груевски и Тачи молчат,владината криза продолжува,пишува „Утрински весник“.Кога коалицијата ќе научи менаџмент,кавги има насекаде,ама не се јавни,коментира „Вечер“.Овие наслови од македонските весници се слика за македонскиот политичко партиски амбиент. Досега транспарентниот премиер Груевски вчера изведе мала криенка пред новинарите за да не се дознае дека ќе се сретне повторно со потпретседателот на ДПА.И двајцата беа во очекување на одлуката од опозиционата ДУИ.Но,и нејзиниот лидер Али Ахмети тактизираше по синоќешната средба на партискиот врв,кој му дал одврзани раце да реши кога и под кои услови партијата ќе се врати во Парламентот.

„ Беше вреднуван како позитивен досегашниот тек на политичкиот дијалог,беа вреднувани како позитивни резултатите кои беа постигнати досега и на крајот Централниот одбор одлучи за финализирање на процесот на договорот и за сите други битни политички чекори кои се однесуваат на партијата во финалниот процес на разговорите да ги пренесе врз лидерот на партијата Али Ахмети,изјави потпретседателот на ДУИ Теута Арифи.

Непотврдени информации велат дека пратеничката группа на ДУИ ќе се врати во Парламентот до крајот на неделава,но под услов сепак да биде потпишан некаков политички документ.Но јавните изјави говорат дека премиерот Груевски и Ахмети треба да го парафираат постигнатиот компромис околу Бадентеровите закони и рекомпонирањето на Етничкиот комитет во Собранието.Во меѓувреме опозициониот СДСМ изрази загриженост за случувањата во владината коалиција,каде личните се ставаат пред државните интереси.

„Значи тука,во оној момент кога политичкиот дијалог или она што е договорено меѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ е непознаница за сите,останува да видиме како ќе биде протолкуван и дали ќе биде поддржан од СДСМ“,рече синоќа во интервју за ТВ Канал 5 Јани Макрадули,потпретседател на СДСМ.

Не играјте си со предвремени парламентарни избори,стигна и предупредувањето од ЕУ амбасадорот во Скопје Ерван Фуере.Тоа екстремно негативно ќе се одрази:

„Тоа е исто како да скокнете од воз во движење,кој со голема брзина се движи кон ЕУ и НАТО“,вели Фуере.Тој во Струга изрази надеж дека ова е последен бојкот,дека ДУИ ќе се врати во институциите ако сите партии мислат на членството во НАТО и во ЕУ.

Резимето од најновата политичка игра е скромно,Груевски,Тачи и Ахмети добија одврзани раце од централните партиски органи сами лично да ја решат кризата.Не е исклучено неделава да се организира нивна средба,дури и тројна.