1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Одбиен нападот на талибанците врз аеродромот во Кабул

Борците на радикално-исламистичките талибанци во Кабул го нападнаа воениот дел на аеродромот во авганистанскиот главен град Кабул. Полицијата успеа да ги одбие нападите.

По повеќечасовни престрелки, на авганистанските сили за безбедност им успеа да го одбијат нападот.

Нападот врз аеродромот во Кабул е завршен изутринава (10.06) со смртта на седумтемина напаѓачи, изјави претставник на авганистанската полиција, додавајќи дека според првичните информации нема жртви меѓу цивилното население и авганистанските сили за безбедност.

Група напаѓачи вооружени со автоматско оружје и ракетни фрлачи зазедоа две згради во добро обезбедуваната област во североисточниот дел на авганистанскиот главен град. Авганистанските безбедносни сили биле поддржувани од трупите на ИСАФ, соопшти портпарол на меѓународните заштитни сили. Воениот дел на аеродромот во Кабул го користи и НАТО, таму се наоѓа и неговиот главен штаб во Авганистан. Американската амбасада во Кабул за време на нападот на талибанците го вклучила алармот, предупредувајќи дека не се работи за вежба.

Одговорноста за нападот ја презедоа талибанците. Портпаролот на талибанците изјави дека се уништени неколку хеликоптери. Кон крајот на април исламистите најавија нова „пролетна офанзива“, меѓу другото и напади врз воени аеродроми, ИСАФ-трупите и дипломатските претставништва.