1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Одбиена тужбата на Масри

Случајот Калед Ел Масри против екс-директорот на ЦИА Џорџ Тенет денеска требаше да се најде пред суд. До тоа всушност, нема да дојде. Одговорниот судија на американскиот сојузен суд во Александрија Ти.Ес. Елис ја доби тужбата на Германецот од либанско потекло со образложение: национална безбедност.

Ел Масри е досега најпознатиот случај на грабнување на осомничен за тероризам по нападите од 11 септември 2001. Според неговите изјави, на 31 декември 2003, бил уапсен во Македонија, а три недели подоцна бил префрлен во затвор на ЦИА во Авганистан. Таму бил тепан и мачен на различни начини, се вели во текстот на тужбата против Тенет и уште десет по име спомнати соработници на ЦИА. Дури кон крајот на мај бил ослободен во Албанија и тоа иако недели претходно на ЦИА и било познато дека тој станал жртва на замена на личности. Тоа се обвинувања што американската тајна служба не може ниту да ги потврди, ниту да ги одбие без откривање на државни тајни, реши судијата Елис. Во неговото образложение на пресудата на 17 страници се вели дека иако тужбата на Ел Масри има правна форма преку која би можеле да бидат утврдени неговите обвинувања, неговите приватни работи ќе мора да бидат ставени зад националните интереси за да се сочуваат државните тани. Во случај да се појави пред суд ЦИА ќе мора отворено да се изјасни за нејзината стратегија во војната против тероризмот.

Ова е јасна победа на бушовата администрација која токму тие аргументи успеа да ги стави на прво место, а што ги прифати и судијата Елис. Судијата подвлече дека за ова прашање тој не донесол лично решение. Отфрлањето на тужбата не кажува ништо за тоа дали обвинувањата се вистините или погрешни, соопшти Елис.

Граѓанската организација АКЛУ која правно го застапува Ел Масри во Америка, против решението на судијата Елис ќе вложи приговор. Адвокатот Бен Вајснер судската аргуметација според која процесот би ги загрозил државните тајни ја нарече апсурдна.

Пресудата е бланко чек за ЦИА на ваков начин правно да се заштити од секоја гнасна постапка, изјави Вајснер за агенцијата Асошиетед Прес. Калед Ел Масри бара од ЦИА обесштетување од 75 илјади долари и лично извинување од Џорџ Тенет.