1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Одбележување 50 години од формирањето на Движењето на неврзаните

Во Белград, со дводневна средба, ќе се одбележи 50-годишнината од формирањето на Движењето на неврзаните земји. Учество на средбата потврдиле повеќе од 100 делегации.

default

Јосип Броз Тито на отворањето на Конференцијата на неврзаните во 1961 година

Покрај претставниците на неврзаните на средбата се поканети и министрите за надворешни работи од земјите од поранешна Југославија и од земјите-членки на Европската унија.

Во моментов, Движењето на неврзаните брои 118 полноправни членки, што претставува околу двет ретини од земјите-членки на Обединетите нации (192). Движењето има и 20 земји-набљудувачи, меѓу кои и домаќинот на средбата, Србија. Првиот самит на Движењето на неврзаните се одржа од 1 до 6 септември 1961 година во Белград. Идејни творци на Движењето беа претседателот на Југославија Јосип Броз - Тито, првиот премиер на Индија Џавахарлал Нехру, вториот претседател на Египет Гамал Абдел Насер, првиот претседател на Гана Гваме Нкрумах и првиот претседател на Индонезија Сукарно. Петте лидери се залагаа за умерена политика на земјите во развој во времето на Студената војна меѓу капиталистичкиот Запад и социјалистичкиот Исток и нивните воени блокови. За автор на името „неврзани“ важи индискиот дипломат и државник В.К.Кришна Менон, кој терминот го употреби прв во ОН, во 1953 година.

Автор: ЕМФ/ЖА/дв

Редактор: Симе Недевски