1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Одбележување на 60 годишнината од прогонот на децата-бегалци

Денеска во Скопје се одржа свечена академија по повод 60-те години од граѓанската војна во Грција и прогонот на поранешните деца-бегалци. Годинава треба да следува уште низа манифестации.

default

Свечена академија во Скопје

Големиот број здруженија на Македонците од егејскиот дел на Македонија се обединија во програмата за одбележување. Годинава ќе се организираат повеќе настани за светот да разбере за страдањата на неколкуте стотици илјади прогонети Македонци од Грција. Ѓорѓи Донев вели: „Само така можеме идните наши генерации да ги наоружаме со знаење за тоа што се‘ се случи во егејска Македонија“.

Имотите во Грција се важен дел од битката на егејските Македонци за нивните права. Адвокатот Ставре Џиков е оптимист: „Мислам дека здружението кое ја води оваа работа и сите заинтересирани Македонци од егејска Македонија, со оваа постапка покажаа дека не само што постоиме како македонски народ и во егејскиот дел на Македонија, односно во Република Грција, туку треба да ги уживаме и основните права, односно правата на имотот.“

Никодим Царкњас, македонски свештеник кој не го напуштил родното место ја критикува состојбата со човековите права во современа Грција. Осуден е на затворска казна бидејќи учествувал во инциндент во кој бил нападнат поради неговите национлани чувства. „На такви казни сме научени. За жал со тоа Грција покажува дека нема демократија“, вели Царкњас.

Македонскиот парламент минатата година усвои декларација во знак на поддршка на прогонетите Македонци од Грција. Нивните основни барања се враќање на нивните граѓански права, како што е правото на државјанство и враќање на имотите кои ги запленила грчката држава по нивниот прогон.

Автор: Горан Петрески

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска