1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Одбележување на 12 годишнината од масакрот во Сребреница

*

Во Поточари крај Сребреница денеска се одбележува 12 годишнината од геноцидот во Сребреница. Во меморијалниот центар ќе бидат погребани уште 465 во меѓувреме идентификувани жртви. На комеморацијата, меѓу другите ќе присуствува и новоименуваниот висок претставник на меѓународната заедница во Босна, Мирослав Лајчак и главната обвинителка на Хашкиот Трибунал Карла Дел Понте. Српскиот претставник во трочленото претседателство нема да дојде на комеморацијата. На 19 јули,1995 година силите на босанските Срби ликвидираа над 8000 муслимани, мажи од Сребреница.