1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Одбележување на 1.мај во светот

Повеќе од еден милион луѓе се собраа вчера ширум Европа во традиционалното одбележување на Меѓународниот ден на трудот,што го организираа главно левичарските партии и здруженијата на работниците.

Припадник на левичарска група на демонстрации во Москва

Припадник на левичарска група на демонстрации во Москва

Јасната критика кон социјалната политика на претседателот Владимир Путин во Русија изведе на улиците околу 100 илјади луѓе.

Еден од најголемите собири по повод први мај беше одржан во Москва,каде околу 25 илјади луѓе се собраа во центарот на градот,а на одделна манифестација беа приврзаниците на Комунистичката партија.

Кога колоната демонстранти во Москва се најде пред Државната Дума,можеше да се чуе:

-Ова е Парламент против народот.Срам се случува во Думата,срам.

Московскиот градоначалник Јуриј Лужков настапи као претставник на народот:

-Имам еден сон.Би сакал на оваа трибина да се најде рускиот премиер и да објасни што прави за да ја зголеми најниската плата.800 или 1300 рубљи,тоа е навистина срамота.

Руската телевизија не ги пренесе ваквите искази.

Протестите во Белорусија беа насочени пак против претседателот Лукашенко и беше побарано пуштање на слобода на уапсениот опозиционен лидер Александар Милинкиевич.

Во Истанбул дојде до нереди и судири меѓу демонстрантите,кои протестираа против Меѓународниот монетарен фонд и САД и турската полиција.Таа уапсила околу 40 демонстранти,а на снимките од Истанбул се гледа како полицијата тепа еден од учесниците на протестите.

Во Париз на собраните луѓе им се обрати водачот на Националниот фронт,Жан,Мари ле Пен,кој ги повика „патриотите“ да го поддржат на претседателските избори.

Во Виена околу 120 илјади учесници и симпатизери на Социјалдемократската партија учествуваа во традиционалниот првомајски марш.Слични собири имаше и во повеќе градови во Шпанија,Италија,Шведска и други земји.