1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Одбележување на пет години од потпишувањето на Рамковниот договор

Во вилата Билјана во Охрид македонскиот претседател Бранко Црвенковски вчеравечер организираше прием по повод петте години од Рамковниот договор. Во присуство на претставници на политичките партии, меѓународната заедница и дипломатскиот кор, Црвенковски рече дека со чиста совест ставил потпис врз договорот.

Охрид

Охрид

Во 2001 година Република Македонија се соочи со еден од најголемите предизвици во своето постоење. Се најде на прагот на меѓуетничка војна – тотална војна или политички договор тоа беше изборот. Токму заради тоа со чиста совест го ставив својот потпис на Охридскиот рамковен договор, рече во своето обраќање претседателот на Република Македонија, Бранко Црвенковски. Македонија за само пет години го изоде патот од воена катастрофа до мирна и стабилна земја со силна меѓуетничка доверба и толеранција, и земја кандидат за полнопавно членство во ЕУ и НАТО. Претседателот Бранко Црвенковски од говорницата упати, како што рече три добронамерни пораки: првата до владата во формирање порачувајќи и дека нема успшена економија без полчитичка стабилност „ Сосема е на место вашата определба највисок приоритет да и дадете на економијата, на борбата против сиромаштијата и невработеноста. Во остваруањето на таа заложба ви поскаувам многу успех и ќе ја имате целосно мојата поддршка. Но исто така немојте нуту во еден момент да го потцените значајот на добрите меѓу – етнички односи.“

Црвенковски со полн респект кон досегашната конструктивност на ДУИ како власт, рече и дека ДУИ ужива најголема доверба меѓу граѓаните Албанци во Македонија и меѓународната заедница. Сепак меѓу редови ја смести во опозицијата „Немојте да дозволите емоциииите да ве совладаат и набрзина да го уништите тој тешко заработен политички капитал. Често пати искрената посветеност на програмските определби и цели во поголема мера се докажува кога си во опозиција отколку кога си на власт.“

Претседателот Црвенковски им оддаде признание на сите граѓани на Република Македонија без разлика на етникумот или верата, на покојниот претседател Борис Трајковски, а искажа благодарност и до Брисел и Вашингтон, како што рече оти без нивна продршка немаше да се постигне Рамковсниот договор.

Покрај Црвенковски, од оние кои пред пет години го ставија својот потпис на договорот е и Имер Имери. Тогаш лидер на ПДП. Сите страни направија компромиси и компромисите се болни, но поболно ќе беше ако конфликтот продолжеше рече Имери и додаде „Преговорите беа еднострано прекинати. Ние имавме во нашата агенда услов да се договориме и тој беше финансиска поддршка за имплементација на тој договор. Таа имплементација и денеска бара материјални, финансиски средства. Меѓународната заедница требаше да биде гарант за тоа.“

Протестите на ДУИ се дел од демократијата, не сум загрижена за тоа и не очекувам влошување на ситуацијата изјави пак амбасадорката на САД во Македонија Џилијан Миловановиќ. Очекувам во 2008 Македонија да добие покана а НАТО, но дотогаш треба многу да се работи „Да се работи пред се’ во економијата, одбраната, борбата против корупцијата и на подобрувањето на меѓуетничките односи, за што подеднакво треба да се залагаат и власта и опозицијата.“ рече Миловановиќ

„Независно од сегашната ситуација во која е ДУИ, јас сметам дека Рамковниот договор е многу важен документ и треба да се почитува не само кога сум на власт“ изјави лидерот на ДУИ Али Ахмети и уште еднаш повтори „Изборот на мандаторот Груевски и неговата политика не беше правилна, така што и самиот претседател Црвенковски во говорот истакна дека на Македонија и требаат добри односи меѓу двете најбројни етнички заедници, дека на Македонија и треба и политички манифест како основа за економски и сестран развиток на земјата.“ рече Ахмети

Вчера вечер на одбележувањето на пет годишнината од потпишувањето на Охридскиот договор не ги откри идните чекори на коалицијата ДУИ и ДПА. Рече дека денеска по генерланото собрание јавноста ќе дознае за тоа.