1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Одбележан денот на АРМ

*

Во касарната „Илинден„ во Скопје денеска е одржана централната свеченост по повод 18 август, денот на Македонската армија. На присутните им се одбрати претседателот на државата Бранко Црвенковски. Тој изрази надеж дека Македонија ќе стане полноправна членка на НАТО со што, како што рече, дефинитивно ќе се решат сите дилеми поврани со територијалниот интегритет и суверенитет на земјата. Тоа е шанса што не смее да се пропушти, изјави Црвенковски. Тој уште дополни дека Македонија го поддржува новиот формат на преговорите за дефинирањето на статусот на Косово.