1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Огромно парче метеорит извадено од вода

Пред осум месеци метеорит тежок повеќе тони спектакуларно падна на Замјата во близина на Чељабинск. Сега од едно езеро беше извлечен голем камен, за кој се смета дека е дел од меторитот.

Во Русија нуркачи извлекоа камен тежок околу 600 километри од едно езеро во близина на Чељабинск. Овој камен најевројанто е „еден од десетте најголеми фрагменти од едно небесно тело, кои се пронајдени во светот“, рече научникот Сергеј Самосдра, пренесува агенцијата Интерфакс.

Извлекувањето од Чербаркул Езерото на околу 1500 километри источно од Москва било „екстремно комплицрано“, рече раководителот на мисијата на извлекување Максим Шипулин во градот Урал. „Грутката беше на 20 метри длабочина и во матната вода речиси да неможеше да се види“. Научниците со сонарни апарати ја утврдиле точната локација на каменот.

Кога каменот со помош на сајли требаше да биде измерен, тој се распрсна во повеќе делови. Исто така се скрши и вагата, кога покажа 570 килограми. „Сметаме дека целото парче тежи повеќе од 600 килограми“, рече еден од научниците за интернет порталот „ifenews.ru“.

Meteoriteneinschlag am See Tschebarkul in Russland

Метеоритот падна во Чербаркул Езерото

Други фрагменти, кои најверојатно се наоѓаат во околу три метри кал на тлото на езерото, засега нема да бидат извлечени на копно.

Метеоритот кој на Земјата падна на 15. февруари 2013 година нанесе штети на околу 7.000 објекти додека од распрсканите стакла се повредија околу 1500 луѓе. Според научниците каменот тежел 10.000 тони и имал пречник до 20 метри.