1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Огромните чаши остануваат

Американски суд во Њујорк ја запре планираната забрана за продажба на безалкохолни пијалоци во огромни чаши на само неколку часа пред таа да стапи во сила.

Новото правило не смее да стапи во сила, одлучи судијата Милтон Тинглинг. Според одлуката, не е праведно забраната за продажба во огромни чаши да важи само за некои пијалоци и само на некои места, како фаст фуд рестораните или кината.

Градската управа на Њујорк забраната за продажба на XXL-безалкохолни пијалоци ја донесе во септември и таа требаше да стапи во сила од денеска (12.03). Правилото предвидуваше чашите со засладени пијалоци, од Кока Кола до кафе, да смеат да се продаваат само во чаши кои собираат до половина литар. Од забраната, меѓутоа, беа изземени милк шејкови. Забраната требаше да важи само во фаст фуд ресторани, ресторани и јавни места како кино сали и стадиони.

Жалба до судот поради планираната забрана поднесоа здруженија на трговци и на производители на пијалоци. Градоначаникот на Њујорк Мајкл Блумберг сега најави дека ќе се жали на одлуката на судот. Според наводи на градските власти во Њујрок, речиси 60 роценти од жителите на градот се со преголема телесна тежина.