1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Огромен профит за нафтените концерни

Цената на нафтата во светот и натаму ги загрижува експертите но и обичните граѓани. По ураганската катастрофа во Њу Орлеанс и гфеополитичките движења кои цената ја перидвижија до рекорден износ аналитичарите предупредуваат од натамошни зглемувања. И додека потрошувачите на нафтените деривати негодуваат, концерните задоволно ги тријат рацете остварувајќи огромни профити.

default

120 милијарди долари. Оваа сума одговара на бруто националниот доход на една Португалија. Но ова е и сумата која според проценките годинава ќе ја заработат осумте најголеми нафтени концерни во светот. Се проценува дека само Exxon Mobil,кој во Германија е познат како Esso, ќе заработи над 30 милијарди долари. Тоа е повеќе, од она што со својата економска сила можат да го заработат две третини од земјите во светот.

Оваа бранша дополнително заработува со растот на цената на нафтата. Ураганот Катрина и геополитичката криза притоа играат споредна улога, смета Фил Флин, аналитичар за нафтениот пазар:

„ Во седумдесетите години цените се зголемија заради нафтеното ембарго. Потоа дојдоа војните во Заливот. Сето тоа имаше само краткорочни последици врз развојот на цената на нафтата. Причината заради која сега мораме подлабоко да ја ставиме раката во џеб кога купуваме безнин е зголемената побарувачка на нафтата во светот. Тој факт сите го потценуваат„

САД дневно трошат 20 милиони барели нафта, што пртеставува една четвртина од вкупните светски потреби. Многу повеќе отколку било која друга земја во светот. Во трката се вклучува и Кина, која е гладна за суровини. Само во главниот град Пекинг секојдневно на улица се појавуваат по околу 1500 нови автомобили. Флин нагласува дека таа тенденција расте и додава:

„ Земјите со брз економски развој, како Кина и Индија минуваат низ индустриска револуција. Светот можеби од крајот на годинава за прв пат дневно ќе троши повеќе нафта отколку што може да се произведе„

Покрај ова се случува и застој во преработката на нафтата. Застарените рафинерии со многу мали капацитети се проблем пред се во САД. Јавна тајна е дека нафтените концерни не инвестираат доволно во нови постројки со цел да се одржи високата цена, односно да остварат поголем профит.

Американскиот претседател Џорџ Буш неодамна изнесе неколку податоци:

„ Нашите потреби за енергија за последните десет години се зголемија за 12%, а за тој период произведовме само половина процент повеќе нафта. Од 1976 година во САД нема изградено нови нафтени рафинерии, а постојните речиси целосно се оптоварени„

Нафтените концерни во моментов инвестираат во истражување на потенцијални нафтени полиња и во експлоатирање на постојните. Меѓутоа, потенцијалот е ограничен. Со денешната технологија, експлоатацијата на постојните залихи на нафта се доволни само за уште 50 години. Заради тоа нафтените концерни засилено се фокусираат на развој на алтернативни енергии. Така на пример Шел во германската покраина Баварија започна со изградба на најголема соларна централа. Конкурентот Бритиш Петролеум уште од почетокот на осумдесетите години инвестира во соларна енергија и веќе поседува 17% од вкупните светски постројки за добивање на овој вид енергија.

Алтернативни автомобили

И кога сме кај алтернативните решенија поврзани со нафтата која во моментов е основното средство за погон на автомобилите експертите предлагаат преориентирање на погон на хибридна техника. На овој начин ќе се овозможи значителна заштеда на бензин. Тоа е техника во која моторот на погон на безин и електромотор наизменично работат и така го придвижуваат автомобилот. Хибридните автомобили на кои до пред неколку години беа неомилени, според проценките до крајот на оваа деценија ќе стане омилена меѓу производителите на стариот континент. Германскиот автомобилски експерт Франц Вагнер смета дека дотогаш ќе се појават 74 модели со најмалку еден милион возила на хибриден погон. Предноста на ваквиот тип автомбили се економичноста и управливоста.

Во моментов Јапонија е лидер во производството на ваквиот тип автомобили, со учество на светскиот пазар од 70%. Европските и американските производители не седат со скрстени раце. БМВ Дајмлер Крајслер и Џенерал Моторс веќе најавија дека во Мичиген САД ќе отворат заеднички истражувачки центар кој би работел на натамошен развој на хибридната технологија

Олимпик Ервејс пред финансиски колапс?!

Грчката авиокомпамнија Олимпик Ервејс се наоѓа пред финансиски колапс. ЕУ донесе одлука да ја казни компанијата со трицифрена милионска сума, по сознанијата дека грчката влада во последните години на Олимпик Ервејс му доделила на име помош 540 милиони евра. Ова е втора казна за компанијата по првата од пред три години во висина од 160 милиони евра, која патем Олимпик Ервејс сеуште ја нема платено. Комисијата во Брисел засега не го соопштува точниот износ на втората казна

Линде ќе гради фабрика во Кина

Германскиот инженериски конглоремат Линде соопшти дека потпишал договор за изградба на фабрика за производство на етилен, која според најавите треба да биде најголема во светот. 140 милиони евра врениот проект ќе биде изграден во северозападниот дел од Кина. Петро Чајна и Линде го потпишаа договорот согласно кој фабриката треба да стапи во погон во втората половина од 2008 година. Проценките се дека таму годишно ќе се произведуваат по еден милион тони етилен и 500.000 тони пропилен. Инаку според последните податоци од властите во Пекинг, кинеската економија во последните месеци бележи пораст од околу 16%.