1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Ограничување на менаџерските плати во Германија?

Во Германија наново се разгоре дебатата за ограничување на менаџерските и платите на банкарите. Експертите сметаат дека таквата мерка, по примерот на Швајцарија, во Германија би била проблематична.

Претставниците на германските политички партии, и владејачките и оние од опозицијата, неодамна ја поздравија одлуката во Швајцарија и побараа воведување построги правила и во Германија. Разликите се само во тоа дали за нив треба да е одговорна државата или самите претпријатија.

Акционерите треба да решаваат за платите

За Германската заедница за заштита на сопственоста на хартии од вредност ДСВ, јасно е-акционерите на одредено претпријатие се меродавни за одлуката колку ќе заработуваат водечките менаџери. Притоа, мора да бидат исполнети некои услови, нагласува директорот на ДСФ. Марк Тинглер во разговор за Дојче веле:

„Сосптвениците треба да решаваат за тоа. А, акционерите мораат да ја сносат и одговорноста ако речат - заработката на нашите менаџери треба биде ограничена на толку и толку милиони“.

Концептот на платите притоа мора да го изработи и одобри надзорниот одбор.

Колку и да предизвикува внимание одлукаа на Швајцарците на прв поглед, сепак мора да се внимава во споредувањето на работи кои се неспоредливи, предупредува Тинглер. За разлика од управувањето на два нивоа, какво што е во Греманија, во Швајцарија управата и надзорните органи најчесто седат заедно во управните совети. Швајцарците имаат намера да спроведат радикален потег за кој во Германија се дискутира веќе десет години и кој веќе делумно е содржан во разни законски одредби. Еден пример е Корпореит Говернант Кодекс, на сила од 2002 година. Со него за домашните и странските инвеститори треба да постојат транспарентни правила на водење и надзор над фирмите, за да се зајакне довербата во германските претпријатија.

Менаџерите како апсолутистички владетели

Просечната плата на работник во Германија, според податоците на Сојузната служба застатистика, изнесува околу 28 илјади евра годишно. Просечниот работник, значи, би требало да работи речиси 600 години за да ја ја стигне годишната плата на шефот на Фолксваген, Мартин Винтеркорн од 16,6 милиони евра. Но, чистата споредба на бројките не ја прикажува вистинската реална состојба, вели Биргер Придат од универзитетот Витен-Хердеке. Германците немаат ништо против соодветно наградување на исклучителните успеси, но веќе одамна не се работи за тоа.

Овој професор по економија и филозофија ги споредува големите концерни и банки со апсолутистички владари, дел од нивната моќ и блесок се состои и во прикажувањето на богатството.

„Се работи за угледот, нашиот човек не смее да заработува помалку од другите, зашто нашата фирма тогаш ќе се смета помалку вредна од другите“, вели Придат. На таков начин претпријатијата ги подигнаа платите на всоите менаџери.

Со децении луѓето го прифаќаа овој принцип, сакајќи да бидат дел од тоа, наводно силно друштво. Но, најдоцна со избивањето на кризата во 2008 година, која ни оддалеку се’ уште не е завршена, почна размислувањето во претпријатијата за промена на правилото, вели Придат. Исклучително високите менаџерски плати веќе не е можно да се протуркаат. Овој економски експерт прави споредба со ѕиркањето зад фасадата, кое покажува - сето тоа било измама:

„Наеднаш се забалажува дека менаџерите реално ништо не остваруваат, туку дури измамуваат или за извршување на работата која им е всушност должност, добиваат пари кои не може да се оправдаат“.

А, ако дојде до крај на лојалноста на обичните вработени кон шефовите на концернот кои добро заработуваат, зашто веќе не е јасно дали раководството работи во интерес на сите, тогаш може да дојде до масовни протести на вработените, вклуќувајќи и штрајк, уверен е Придат.

Сопствена проценка

Професорот од универзиттеот Витен-Хердеке не очекува брзи промени на ова поле, без оглед на одлукатаво Швајцарија.

„Германците нема да се решат нешто да промент, ќе му го препуштат тоа на Брисел, зашто е поедноставно, зашто така ќе можат да речат-ние не го направивме тоа, но мора да ги почитуваме одлуките на Брисел“.

Европската комисија, пак, најави сопствен предлог за менаџерските плати до крајот на годинава.

За Марк Тинглер од ДСВ најдобро решение е одликата да ја донесе ЕУ:

„Тогаш барем би добиле правила за цела Европа и не би стравувале да ни избегаат премногу добри менаџери“.

Во Германија често се тврди дека менаџерите ќе заминат во странство ако им се намалат примањата во земјата. Биргер Придат во тоа гледа сопствено преценување на менаџерите:

„Тие германски менаџери, со својот германски менталитет, иако можеби имаат некое меѓународно искуство, не се толку вредни на меѓународниот пазар колку што мислат. Кога 8 илјади менаџери би рекле, сега си одиме во странство, не верувамдека меѓународната побарувачка по нив би била толкава да добијат плати какви што си замислуваат“, вели Придат.