1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Ограбена Националната банка во Либија

Во напад врз транспортер на Либиската централна банка крадци во градот Сирте „заработиле“ околу 54 милиони долари. Десет вооружени мажи го нападнале возилото на крстосница, јавува државната новинска агенција Лана.

Транспортерот со парите бил на пат од аеродромот кон филијалата на банката во градот. Тој пренесувал либиски динари, американски долари и евра. Возилото на крадците било идентификувано и потрагата по нив е во тек, соопштуваат од полицијата.

Напаѓачите имале релативно лесна работа: транспортерот бил придружуван само од едно возило со обезбедување, како што известува агенцијата Лана. Обезбедувањето немало никаква можност да го спречи грабежот. Сирте, родниот град на соборениот либиски диктатор Моамер ал Гадафи, се наоѓа на околу 500 километри источно од главниот град Триполи. Безбедносната состојба во Либија по падот на Гадафи е исклучително нестабилна. Многу од милициите, кои за време на бунтот се бореа против режимот, се‘уште се вооружени.