1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Огнен ѕид пред Сиднеј, можна е евакуација

Три големи пожари западно од австралиската метропола Сиднеј би можеле да се обединат во огромен пожар, најавуваат австралиските власти. Тоа би значело задолжителна евакуација на туристите.

Пожарот во Сините планини ги загрозува туристичките центри како Лира и Катумба, соопштија денеска надлежните австралиски власти. Противпожарните единици се во постојана акција. Десетици тимови пожарникари во текот на ноќта предизвикувале контролирани пожари на Сините планини, за на тој начин да се спречи натамошно проширување на огнената стихија.

Од 56 пожари, денеска (21.10) наутро 12 беа надвор од контрола. Пожарите се шират како во насока на Сиднеј, така и кон запад. Во текот на денот температурите растеа, но ветрот имаше умерена брзина, што на пожарникарите им даде шанса за поефикасно гаснење.

Од почетокот на пожарите, минатата недела, уништени се 200 згради, а почина едно лице. Против пожарите се борат околу 1500 пожарникари, со 69 возила за гаснење. Работата е отежната поради жештината, силниот ветер и исушената вегетација.