Огнен пекол во Грција | Теми на денот | DW | 26.08.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Огнен пекол во Грција

Ситуацијата во Грција со пожарите и натаму е драматична. Владата прогласи вонредна состојба и тридневна жалост. Според последните податоци во пожарите настрадале 54 лица.

default

Црвено небо над Пелопонез

Илјадници Грци изминатата ноќ ја поминаа во шатори. Армијата изгради кампови за оние кои останаа без домовите. Небото над најпогодениот грчки остров Пелопонез и ноќеска беше црвено. Во воздухот чад и пепел. Таму се уште има повеќе активни пожари кои не се под контрола. Вонредна состојба во земјата ја прогласи премиерот Костас Караманлис во телевизиско обраќање до нацијата. Според Караманлис изјави дека земјата поминува низ огромна трагедија.


“Грци и гркинки. Нашата земја се наоѓа во вонредна состојба. Го повикувам секој граѓанин да стори се што е во негова моќ и да се вклучи во борбата против пожарите”.

Во текот на ноќта продолжи да гори и во околината на Атина. Заменик градоначалникот на Калвија стравува за својот град.

“На луѓето во градот им реков. Напуштајте ги куќите! Опасно е. Ноќеска го отвориме градското собрание за да може граѓаните таму да се засолнат. Кажете им го тоа и на вашите соседи. Луѓето кои живеат на крајот на градот мора да се евакуираат”.

Пожарникарите прават се за да ги заштитат населените места. За да не се повтори трагедијата од петокот во околината на градчето Захаро на полуостривот Пелопонез каде беа пронајдени над 30 жртви. Премиерот Караманлис во говорот ги спомена и настраданите.

“Чуствувам длабока болка за умрените. Чуствувам длабока жал за мајката која фатена во пламенот изгоре гушкајќи ги своите деца”.

Мајката која со своите четири деца изгоре во пожарот кај Захаро стана симбол за настраданите во пожарите. Но, огнот не престанува да беснее. Цела ноќ телевизиите прикажуваат репортажи и слики од огновските фронтови. Еден од нив е во близина на Каламата на Пелопонез.

“Таму горе во селата Потамија и Леонтари куќите се изгорени. Ова е трагедија која нема крај, која не престанува”, вели репортерот.

Во меѓувреме стигна првата помош од Франција. Наскоро треба да пристигнат и три хеликоптери за гаснење оган од Германија. 12 земји од ЕУ понудија помош во справувањето со огнената стихија. Но, ќе бидат потребни денови се додека не се изгаснат огновите. Властите објавија и дека се уапсени неколку лица за кои постои сомневање дека ги подметнале пожарите. Премиерот Караманлис вети дека сите одговорни ќе се најдат пред лицето на правдата.