1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Огнена стихија на грчкиот полуостров Халкидики

Вчера предвечер во шумата над Полихорно изби голем пожар. Тој се прошири и ги зафати местата Ханиоти, Пефкохори, Криопиги и Скиони, каде е прогласена вонредна состојба. Според досега достапните информации од македонскиот конзулат во Солун, нема настрадани македонски граѓани.

Пожарот на Халкидики

Пожарот на Халкидики

Неколку илјади македонски туристи синоќа ноќта ја минаа на отворено крај Егејското море, откако грчкиот полуостров Халкидики го зафати голем пожар. Нема повредени, но повеќето од турститие од Скопје, Битола, Штип и Гевгелија почнаа со предвремено враќање во Македонија. Касадндра еден од тритте краци и опожарените грчки туристички дестинации Ханоти, Пефкохори и Пањури се традиционални места за одмор секоја година на неколку десетина илјади граѓани на Македонија.

Пожарот внесе вознемиреност: „Нашите туристи, а и сите луѓе се повлекоа на плажите на морето. Некои веднаш реагираа со тоа што дојдоа бродови и ги евакуираа луѓето во спротивниот правец, на Неа Мармара. Инаку во моментов нема струја и вода на овие туристички места. Еден дел од луѓето сакаат да се враќаат дома, затоа што доживеаја панична состојба.“ вели Мирјана Андонакис, туристички агент од Грција. Таа информира дека пожарот во овој момент се шири кон полуостровот од страната на солунскиот залив. Скопските туристички органзиации веќе испратија автобуси за евакуација на неколку стотини македонски туристи. „ Комуницираме со странките. Знаеме што се случува. Има дел што сакаат да останат другите сакаат да се вратат, меѓутоа автобусите секако се пратени и за пет до шест часа, ќе бидат на Халкидики, првиот крак.“ вели еден од сопствениците на турисичаката органзииација Магелан, Зоран Ковачевиќ.

Македонската амбасада во Атина и конзулатотот во Солун се отворени за контакти и испратени се претсатвници на местото на големиот пожар. Некои очевидци велат: „Понминував покрај тој крај. Луѓето малку беа во паника. Сакаа да си одат, меѓутоа патот не беше прооден.“

Огнената стихија на грчкиот полуостров Халкидики уништува огромни површини борова шума.