1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Огнената стихија му се заканува на Мелбурн

Во сојузната држава Викторија во југоисточна Австралија беснеат најжестоките пожари во последниве пет години. Властите соопштија дека пожарите им се приближиле на приградските населби на Мелбурн.

Дваесет и пет шумски пожари, од кои повеќето засега не можат да бидат ставени под контрола, беснеат во југоисточната австралиска држава Викторија.

Пожарите уништија над 40 илјади хектари шуми и друга вегетација, како и 20-тина куќи и згради. Најголемиот пожар беснее кај местото Килмор на околу 75 километри северно од Мелбурн, главниот град на сојузната држава Викторија. Противпожарните служби таму се борат со огнен фронт од вкупно 40 километри. Засега нема информации за евентуални жртви.

Огнената стихија во меѓувреме се приближи и до Мелбурн, втор по големина град во Австралија.

Еден од пожарите е на оддалеченост од 40 километри од периферијата на Мелбурн и дека изгореле десетици илјади хектари земјиште.

Жителите сведочат дека нивните куќи „експлодирале“ во пламенот, а пожарникарите наведуваат дека спасиле околу 550 објекти во Кеилор, во близина на аеродромот во Мелбурн.

Пожарите што ја зафатија Викторија се најголеми во последните пет години, а стотици луѓе се евакуирани.

Бројните пожари се чести во Австралија во летните месеци. Минатиот месец екстремните температури траеја една недела, во текот на која изгореа 56 куќи на западниот австралиски брег. Метеоролозите велат дека топлите бранови се сѐ почести и подолги во Австралија поради климатските промени. Во 2009. година во големите шумски пожари во Австралија загинаа 73 луѓе.