1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Овде се раѓаат музичките гении

Универзитетот во Рига, главниот град на балтичката република Летонија, е познат по музичкото образование. Студенти од цела Европа овде учат да свират инструменти, да пејат и диригираат.

default

Веднаш по завршувањето на индивидуалната настава, Гвендолин Ванкерсбилк со две колешки вежба дело од камерна музика. Младата пијанистка има 24 години и од нејзиниот факултет во Белгија дојде да студира два семестра во латвиската музичка академија во Рига, универзитет со богата традиција, кој се наоѓа зад ѕидовите во летонскиот главен град.

Во Северна Европа има квалитетно музичко образование

Lettland Musikakademie Riga Gwendolyn Klavier

Гвендолин Ванкерсбилк студира во Рига

Гвендолин Ванкерсбилк е задоволна: „Сите знаеме дека музичкото ниво во Северна Европа е многу високо. Јас по секоја цена сакав да станам подобра. Една наша професорка водеше мајсторска класа овде во Рига и беше воодушевена од гудачите. Тогаш си помислив, зошто и јас да не одам во Рига да учам свирење клавир?“

Низ музичката академија има долги ходници, каде зад безбројните врати се наоѓаат големи и мали простории за вежбање. Во едно од малите студија 23-годишниот Доменико Спера го подготвува гудалото. Уште минатата пролет Доменико го напушти конзерваториумот во Рим за да научи подобро да свири на виолина, најпрво во Естонија, а сега на латвискиот источен брег: „Сакав да студирам на друга музичка насока, германска или дури руска. Затоа барав академија во близина на Русија и конкурирав во Талин и Рига. Јас сум првиот Италијанец кој дошол на Балтикот. Во Естонија многу брзо напредував, и затоа ќе останам уште една година на латвиската музичка академија.“

Наставата е бесплатна за европските студенти

Lettland Musikakademie Riga Domenico

Виолинистот Доменико од Италија

Маја Сиполе е одговорна за Доменико и Гвендолин. Професорката е горда што толку бргу се прочуло за квалитетот на летонската музичка академија. Маја Сиполе на студентите не им помага амо да најдат стан, туку им обезбедува и бесплатни посети на опера и концерти, како и кратки патувања во Литванија или Естонија. За европските студенти наставата е бесплатна: „Преку програмата за размена Еразмус, имаме склопено договори со 62 музички факултети од Европската унија. Сепак се случува некој слаб студент од музички студии да биде одбиен. Студентите од земји надвор од Европската унија, од САД или Русија, мора да платат во просек по 4.000 евра годишно.“

Со странските студенти наставниците зборуваат наглиски. Не е задолжително студентите да зборуваат латвиски. Гвендолин сепак сака да научи, оти живее со летониски цимери и сака да има подобра комуникација во секојдневието: „По престојот овде го променив мислењето. Гледам толку многу сиромашни луѓе во Летонија. Не сум навикната на тоа од Белгија. Во мојата соба имам само еден душек, само едно тенџере и еден нож, но тоа ми е доволно. Ништо повеќе не ми е потребно. Наеднаш знам што сакам. Порано дури и во музиката, на часовите примав сугестии. Сега оформив категорични ставови.“

Голем избор на клавири

Pressebild aus dem Buch: Faszination Player Piano von Jürgen Hocker

Концертно пијано

Виолинистот Доменико во Рига е пред се‘ во кругот на неговите италијански пријатели, кои се дојдени од Рим, исто како него. Тие се презадоволни поради изборот на простории за вежбање и богатата понуда на клавири и концертни пијана, кои им стојат на располагање во летонската музичка академија. Доменико е сигурен дека едногодишниот престој во Латвија ќе му помогне во кариерата како виолинист: „Кога ќе се вратам во Рим сакам да ги завршам студиите и да свирам во оркестар. Во Италија ретко кој од населението ги знае балтичките земји, но кога ќе ја спомнам руската школа сите внимателно слушаат. Сигурно големо влијание има тоа што една година сум студирал во Естонија и една во Летонија.“

Автор: Биргит Јохансмаер / Јасна Мушиќ Јанчулева

Редактор: Трајче Тосев