1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Ова не испраќа слика за стабилна Македонија!

„Се на се, јас не сум за оставка и би сакала премиерот да се премисли, но можеби овој чекор ќе даде можности и за нова заедничка соработка”- изјави Урсула Хајнен , пратеник од редовите на Демохристијаните која е одговорна за европските интеграции.

Стаклената купола на Рајхстагот во Берлин

Стаклената купола на Рајхстагот во Берлин

Пред точно две недели во својата прва официјална посета на Берлин престројуваше македонскиот премиер Хари Костов, кој имаше средба со канцеларот Герхард Шредер и со повеќемина парламентарци од Бундестагот. Денес, 14 дена по визитата на престолнината, премиерот Костов е во оставка, која сојузното германско министерство за надворешни работи официјално не ја коментира.Неофицијално, смената на челниците на владите е внатрешна работа на секоја земја, па и на Македонија, но и натаму удно ќе се следи како ќе се одвива ситиацијата. Дел од парламентарците, за нашата програма се огласија со свои коментари.

”Ова не е добар знак за идниот развој, зашто нема да биде едноставно што ќе мора да се избира нов премиер. Нашиот најголем интерес, меѓутоа останува Албанците и Македонците и натаму заеднички да соработуваат и ова е можеби мало назадување, но не треба да биде и голем проблем!Само да потсетам дека референдумот од пред десетина дена беше добар знак за натамошниот развој на Макдонија. Се на се, јас не сум за оставка и би сакала премиерот да се премисли, но можеби овој чекор ќе даде можности и за нова заедничка соработка”- изјави Урсула Хајнен , пратеник од редовите на Демохристијаните која е одговорна за европските интеграции.

”Најпрво штета е што премиерот Костов си поднесе оставка зашто имаше оставено многу добар впечаток. Со оставката до ЕУ не се испрака слика за стабилноста на Македонија, а ова е најважното нешто на што требаше да се работи. Како членки на ЕУ ние секако сакаме една стабилна Македонија, која добро ќе се развива, чија економија ќе застане на свои ноѕе, која ќе има добар развој и во однос на идното членство во НАТО, а во одреден временски период и во ЕУ ” коментира парламентарецот Маркус Лунинг, одговорен за надворешната политика во фракцијата на Либералите.

Инаку, оставката на првиот човек на македонската влада Костов, најдиректно ќе биде почувствувана на големата стопанска конференција за Југоисточна Европа насловена ”Преку стабилност до пораст”, која утре и задутре се оддржува во Берлин и на која учествуваат премиери на сите држави од Балканот. Македонската делегација во чиј состав беа најавени претставници на повеќето министерства и дваесетина стопанственици, требаше да ја предводи премиерот Костов. Во амбасадата на Република Македонија не информираа дека, сега по неговата оставка, на денешната седница на владата ќе биде одредено дали и кој ќе патува во Берлин на конференцијата што ја организира германската индустриска и трговска комора и Германското друштво за техничка соработка.