1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Објавен барометарот за корупција

Полицијата и политичарите се најкорумпирани покажува глобалниот извештај за 2007 на Транспаренси интернешнал за корупцијата во светот. На листата повторно водат Албанија и Сенегал.

default

Најпогодени се сиромашните

На секој четврти испитаник му било побарано да даде поткуп во полиција, а политичките партии,  парламентите и политичарите се тесно поврзани со коруптивни активности, покажува студијата на антикорупциската организација Транспаренси интернешнал објавена денеска во Берлин. Сиромашните луѓе се најчесто оние кои се приморани да плаќаат поткуп и тоа и во развиените и во земјите во развој.
„Најчесто сиромашните семејства, особено во сиромашните земји се најпогодени од корупцијата. За нив често се работи за избор помеѓу оброк за семејството или медицинска нега за детето.Ова студија покажува дека премногу често, луѓето мора да дадат од своите тешко заработени пари за услуги кои треба да се бесплатни“, рече шефот на Транспаренси Интернешнал, Лабел.
Африка е најкорумпираниот регион во светот
Студијата е спроведена во 60 земји, а испитани се 63000 луѓе. По региони Африка е најкорумпираниот дел на светот, но корупцијата не е непознаница ниту во Германија. „Германците во последниве години забележаа дека и кај нас корупцијата е проблем и дека мора да се стори нешто против тоа“, вели шефицата на германскиот оддел на Транспаренси, Силвија Шенк. Сепак на врвот на барометарот за корупција, објавен по осми пат,  се Албанија и Сенегал. За жал дури 54 проценти од испитаниците сметаат дека корупцијата во наредната година ќе биде во пораст, а само секој петти очекува намалување на лошите статистики.