Објавени официјалните резултати за изборите во Украина | Вести | DW | 06.10.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Објавени официјалните резултати за изборите во Украина

*

На предвремените избори во Украина, одржани минатиот викенд, прозападните партии освоија тесна победа. Според официјалните резултати, партијата на претседателот Виктор Јушченко освоила околу 14% гласови, а блокот Јулија Тимошенко 31% гласови. Заедно, двајцата партнери од протокаловата револуција имаат освоено еден процент гласови повеќе од останатите партии. Најмногу гласови поединечно освои партијата на регионите на премиерот Виктор Јанукович – 35%.