1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

ОБСЕ: Учениците во Македонија имаат големи етнички предрасуди, но тие се за тоа свесни

Наставата во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“, каде имаше бојкот на учениците Македонци поради напади врз нивни соученици, денеска се одвива нормално. Но, расправата за етничките тензии во образованието - продолжува.

default

Во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово по вчерашната средба на родителите на учениците Македонци со раководството на оваа средношколска институција веќе нема бојкот на наставата во македонските паралелки. „Ситуацијата е нормализирана. Од вчера попладнето македонските ученици доаѓаат на настава и меѓуетничките тензии се стивнати“, изјави денеска за Дојче веле Миле Србиновски, помошник на директорот на оваа гимназија.

ДУИ апелира инцидентите да не се злоупотребуваат за политички поени

Инцидентите во Тетово, но и бојкотот на изучувањето на македонскиот јазик на албанските првачиња деновиве сугерираа влошување на меѓуетничките односи во образованието. Во јавните реакции на ваквите состојби денеска се вклучи и генералниот секретар на ДУИ Абдулаќим Адеми:

„Неколкуте меѓуетнички инциденти, кои се случија во училиштата во последно време, се изолирани инциденти. Би апелирал до политичките партии да не ги злоупoтребуваат заради дневна политика, односно за печалење непотребни политички поени“, изјави Абдулаќим Адеми на прес-конференција во партиското седиште во Мала Речица, тетовско.

Адеми уште предупреди: „Искористувањето на овие инциденти од страна на политичките партии не само што може да биде штетно за меѓуетничките односи, туку може да им се врати како бумеранг на тие партии. На информативните средби што ќе ги има ДУИ со граѓаните во наредните денови ќе бидат објаснувани и темите во врска со меѓуетничките односи, дека активностите на партијата во иднина ќе бидат реализирани во насока на унапредување на, ионака добрите, меѓуетнички односи во земјата.“

Студија на ОБСЕ за етничките проблеми во образованието

Мисијата на ОБСЕ во Македонија, пак, денеска ги објави резултатите од студијата која има за цел да го истражи однесувањето на учениците во однос на етничките

OSCE Organization for Security and Cooperation in Europe

Студија на ОБСЕ опфатила 4032 ученици од македонска, албанска и турска националност

проблеми. Генерален впечаток кој произлегува од неа е дека етничките предрасуди меѓу учениците се високи, но тие се свесни за тоа и можат да ги посочат причинителите.

Студијата покажува дека 47,6 отсто од испитаниците одговориле дека понекогаш или често слушаат навредливи коментари од професорите кои се со етничка конотација. Охрабрувачки е податокот дека над 60 отсто од испитаните ученици одговориле дека училиштата со мешан етнички состав придонесуваат за подобри односи меѓу етничките групи.

Студијата покажала дека кај 70 отсто од испитаниците постои мотивација за учество во активности со ученици од други националности. Шефот на мисијата на ОБСЕ во Македонија, Хозе Луис Хереро рече дека оваа студија покажува оти интеграцијата на заедниците почнува токму од училиштата.

Студијата на ОБСЕ опфатила 4032 ученици од македонска, албанска и турска националност во повеќе училишта од сите делови на Македонија.

Автор: СН/СТ/макфакс

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска