1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

ОБСЕ треба повторно да заживее, но како?

Во Астана денеска се одржува вториот ден од самитот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа. Земјите-членки са согласни дека ОБСЕ треба повторно да заживее како централен форум за безбедност и дијалог.

default

Репутацијата на ОБСЕ веќе со години стои на стаклени нозе. Постои потреба од модернизација на Организацијата - тука нема никакви дилеми. Проблемот е во нивната конкретна реализација. Додека едни земји сметаат дека ОБСЕ во иднина би требало повеќе да се занимава со економски и финансиски прашања, други се залагаат за поинакви приоритети.

Една од причините што придонесе за актуелната состојба е одлуката претседателството за 2010 година да му се додели на Казахстан, земја чиј претседател владее авторитативно и во која прекршувањето на човековите права не е никаква реткост. Сепак, тоа не го спречи Нурсултан Назарбајев гордо да ги пречека поканетите гости и да им порача дека треба да го искористат самитот на ОБСЕ за повторно да ја заживеат Организацијата. За таа цел потребно е формирање редица нови институции, нагласи казахстанскиот претседател:

„На почетокот од 21. век, најголемиот дел од заканите и предизвиците за Европа доаѓаат надвор од континентот. Примери за тоа се трговијата со луѓе, илегалната имиграција и ширењето на оружјата за масовно уништување. Во решавањето на конфликтот во Авганистан

Kasachstan UN Generalsekretär Ban Ki Moon Nursultan Nazarbayev

Нурсултан Назарбајев и Бан Ки Мун

се вклучени 43 земји-членки на ОБСЕ. Истовременo, и длабоката политичка криза во Киргистан би можела да се претвори во жариште на проблемите во Централна Азија“, порача Назарбајев.

ОН бараат поголема одговорност од ОБСЕ

ОБСЕ и неговите посредувачки способности се од голема важност - потенцира и генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун. Според него, справувањето со кризата во Киргистан била позитивен пример за успешна соработка:

„ОН, ОБСЕ и ЕУ со заеднички сили веднаш пружија помош и на луѓето во Киргистан им понудија поддршка во критичните ситуации. Во Авганистан не` очекува уште еден таков тест. Затоа ОН посакуваат да видат поголема одговорност од страна на ОБСЕ.“

Овие зборови сигурно и` се допаднаа и на американската министерка за надворешни работи, Хилари Клинтон, бидејќи и Вашингтон се залага за поголемо присуство на ОБСЕ на Хиндукуш. На самитот во Астана, Клинтон говореше за кратката војна меѓу Русија и Грузија во 2008 година, а стана збор и за конфликтите во Абхазија и Јужна Осетија, како и за долгорочната криза околу областа Транснистрија во Молдавија. Европските држави и Клинтон побараа еднаш засекогаш да им се стави крај на таквите конфликти:

„Регионалните кризи и прекуграничните конфликти претставуваат закана за сите нас. Нерешените конфликти се опасни и вршат притисок врз демократските држави. ОБСЕ беше основан за да може да се справи со различни видови предизвици. Меѓутоа, таквата цел може да се оствари, само доколку земјите-членки навистина стојат зад институциите и мисиите на Организацијата“, порача Клинтон во Астана.

OSZE Gipfel Merkel Clinton NO FLASH

Хилари Клинтон и Ангела Меркел на самитот на ОБСЕ

Потребен е конкретен план

Германската канцеларка, Ангела Меркел, го опиша самитот како прилика за „критично согледување на состојбата“. Од крајот на Студената војна наваму е постигнат голем напредок, но има уште многу да се стори, порача Меркел, нагласувајќи дека е од голема важност да се донесе конкретен акционен план:

„Сметам дека партнерството што живее во оваа Организација ја покажува довербата што ја имаме едни во други“, рече Меркел на првиот ден од самитот на ОБСЕ во Астана, кој завршува денеска (02.12.10).

Автор: Естер Бродерс / Трајче Тосев

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

DW.COM