ОБСЕ: Состојбата во македонските медиуми се’ полоша | Македонија | DW | 12.08.2011
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

ОБСЕ: Состојбата во македонските медиуми се’ полоша

Претставничката за слобода на медиуми на ОБСЕ, Дуња Мијатовиќ повторно реагира на влошената медиумска клима во Македонија и бара од надлежните да ја подобрат состојбата.

default

Мијатовиќ упати писмо до министерот за надворешни работи

ОБСЕ изрази загриженост поради нападите врз медиумската слобода во Македонија. Во писмо упатено до македонскиот министер за надворешни работи, Никола Попоски, претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите, Дуња Мијатовиќ, оценува дека и покрај бројните апели, состојбата во Македонија е се` полоша. Притоа таа го наведува неодамнешното отпуштање од работа на претседателката на новинарскиот синдикат, Тамара Чаусидис, како и одземањето на лиценцата на А1 телевизија.

Автор: БГ/ TT/ бета

Редактор: Александра Трајковска

Поврзана содржина